Прејди на содржината

Војводство Лауенбург

Координати: 53°35′N 10°40′E / 53.583° СГШ; 10.667° ИГД / 53.583; 10.667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Војводство Лауенбург
Kreis Herzogtum Lauenburg

округ
Грб на Војводство Лауенбург Kreis Herzogtum Lauenburg
Земја Германија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
СедиштеРацебург
Површина
 • Вкупна1.263 км2 (488 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно203.712
 • Густина160/км2 (420/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.RZ
Мреж. местоherzogtum-lauenburg.de

Војводство Лауенбург (германски: Herzogtum Lauenburg) — најјужен округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од запад надесно) округот Штормарн, слободниот град Либек, сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија (окрузите Северозападен Мекленбург и Лудвигслуст-Пархим), сојузната покраина Долна Саксонија (окрузите Линебург и Харбург) и слободниот град Хамбург. Округот Војводство Лауенбург е именуван по поранешното војводство Саксо-Лауенбург.

Географија

[уреди | уреди извор]

Територијата на округот главно се состои од поранешната територијата на војводството северно од реката Елба, освен Амт Нојхаус (општина во Долна Саксонија). Сите поранешни области на Саксо-Лауенбург од другата страна на Елба припаѓаат на денешните долносаксонски окрузи Куксхафен (Ланд Хаделн), Харбург и Линебург.

Областа на округот брои голем број на историски важни градови, како Лауенбург (Елба), Мелн и Рацебург. Ова било поради „Стариот пат на солта“ (Alte Salzstraße), еден од главните средновековни трговски патишта. Солта од соларите јужно од Елба била пренесувани на север до Либек. Преносот на солта била исто така мотив за изградба на најстариот вештачки воден пат во Европа, Каналот Штекниц (1398). Во 1900 година бил заменет од Каналот Елба-Либек.

Пејзажот во округот е главно составен од бројни езера, кои го создаваат Природниот парк Лауенбуршки Езера. Најголемо езеро е Рацебуршкото Езеро со површина од 16 км2.

Историја

[уреди | уреди извор]

Округот Војводство Лауенбург е именуван по средновековното Војводство Саксо-Лауенбург, кое било едно од остатоците на првичното Војводство Саксонија. Војводството Саксонија било поделено во 1260 година во две држави Саксо-Лауенбург и Саксо-Витенберг.

Саксо-Лауенбург бил исто така познат и само како Лауенбург. Додека територијата на Саксо-Витенберг драстично се сменила низ вековите, Војводството Лауенбург останало скоро непроменето, додека не ја загубило независноста во 1689 година, кога било наследено од Кнежевство Линебург. Во периодот 1815–1864 бил владеен како личен сојуз од војводата на Холштајн, кој истовремено бил крал на Данска. Во 1864 година потпаднал под Прусија по Втората шлезвишка војна. Во краток временски период Лауенбург бил автономна област, но во 1876 година бил припоен како округ во пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн.

Лауенбург на Елба бил првиот главен град и од каде војводството го добило името, пред да биде преместен во Рацебург во 1619 година, кој останал главен град кога војводството било претворено во округ во рамките на Прусија. ВО 1937 година — во рамки на територијалното прекројување во склоп на Законот за голем Хамбург — градот Гестхахт (порано дел од Хамбург), некои мекленбуршки енклави и некои енклави на Либек биле припоени кон округот.

Во мај 1945 година, британските сили го освоиле округот, кој во септември 1944 година бил одреден како дел од британската окупациска зона. На 13 ноември 1945 година, британскиот генерал Колин Мјур Барбер и советскиот генерал-мајор Николај Григорјевич Лјашченко го потпишале договорот Барбер-Лјашченко (Barber-Ljaschtschenko-Abkommen) во Гадебуш, повраќајќи некои општини во округот од соседниот Мекленбург, тогаш дел од советската окупациска зона. Така, некои источни предградија на Рацебург, како Цитен, Мехов, Бек и Ремниц станале дел од округот, додека лауенбуршките општини Дехов, Грос и Клајн Туров (сега составен дел на Рогендорф) како и Ласан (сега составен дел на Царентин) биле предадени на Мекленбург. Замената била извршена на 26 ноември, додека соодветните окупациски сили морале да се повлечат од овие области до 28 ноември.

Политика

[уреди | уреди извор]
Грбот прикажува бел коњ, стар симбол на Војводството Саксонија. Коњот е опкружен од бело-црна шаховница, која ги претставува боите на Прусија. Ова е изменета верзија на грбот користен кога Саксо-Лауенбург бил владеен како личен сојуз во данската монархија, 1815-64. Поранешниот грб вклучувал златна глава на коњ на црвен штит.

Грбот бил донесен на 12 ноември 1866 година, откако династијата Хоенцолерн започнале да владее со Саксо-Лауенбург како личен сојуз во Кралството Прусија. Во 1876 година, војводството било припоено како реална унија во Прусија, создавајќи округ во рамките на пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн. Грбот повеќе не бил користен, бидејќи на окрузите не им било дозволени да користат грбови. Денес, грбот е користен од округот, понекогаш прикажуван со круна на врвот.

Организација

[уреди | уреди извор]

За разлика од другите окрузи во покраината Шлезвиг-Холштајн, овој округ се одликува со бројни релативно мали општини, кои практикуваат директна демократија и учество на граѓаните. Во округот се наоѓа една од двете слободни области во покраината Шлезвиг-Холштајн, Саксонската Шума, најголемо шумско подрачје во покраината, целосно ненаселена.

Округот припаѓа на метрополитенската област Хамбург, со што овозможува економски развој на округот. Туризмот и земјоделството се развиени, исто така, особено со Природниот парк Лауенбуршки Езера.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]
  • Во 2003 година, јавниот превоз во округот бил припоен кон Хамбуршкиот сообраќаен сојуз (Hamburger Verkehrsverbund, HVV).
  • Постојат врски до автопатската мрежа на Германија: преку А1 (Хамбург-Либек) на запад, А24 (Хамбург–Берлин) на југ, А25 (Гестхахт–Хамбург) и А20 (Либек–Росток) на север на округот.
  • Железнички врски постојат од Хамбург до Бихен и понатаму за Берлин и од Линебург до Бихен и до Либек преку Мелн/Рацебург. Обете линии се управувани од Германските железници. Од Бергедорф до Гестхахт сè уште постои старата товарна пруга Бергедорф-Гестхахт, која сега служи како музејска линија.
  • Пристаништето на Елба кај Лауенбург се наоѓа на едниот крај на Каналот Елба-Либек, основан во 1900 година. Преку реката Траве поврзан е Либек со средноевропската мрежа на канали и со Балтичкото Море. Каналот служел како дел од Стариот пат на солта.
  • Аеродроми во близина на округот се наоѓаат во Либек и Хамбург.

Градови и општини

[уреди | уреди извор]
Слободни градови Слободни општини Слободни области
  1. Гестхахт
  2. Лауенбург (Елба)
  3. Мелн
  4. Рацебург
  5. Шварценбек
  1. Венторф кај Хамбург
  1. Саксонска Шума
Општински заедници
  1. Белендорф
  2. Беркентин1
  3. Блисторф
  4. Дихелсдорф
  5. Гелдениц
  6. Касторф
  7. Клемпау
  8. Крумесе
  9. Ниндорф кај Беркентин
  10. Рондесхаген
  11. Зирксраде
  1. Алт Мелн
  2. Белау
  3. Борсторф
  4. Брајтенфелде
  5. Грамбек
  6. Хорнбек
  7. Лемраде
  8. Ниндорф на Штекниц
  9. Шретстакен
  10. Талкау
  11. Волтерсдорф
  1. Безентал
  2. Бретен
  3. Бихен1
  4. Фицен
  5. Гетин
  6. Гудов
  7. Гистер
  8. Клајн Пампау
  9. Лангенлестен
  10. Мисен
  11. Розебург
  12. Шулендорф
  13. Зибенајхен
  14. Трам
  15. Вицеце
  1. Аумиле
  2. Бернзен
  3. Дасендорф1
  4. Ешебург
  5. Хамварде
  6. Хоенхорн
  7. Крепелсхаген-Фарендорф
  8. Вирсхоп
  9. Волторф
  10. Ворт
  1. Албсфелде
  2. Бек
  3. Брунсмарк
  4. Буххолц
  5. Ајнхаус
  6. Фредебург
  7. Гизенсдорф
  8. Грос Диснак
  9. Грос Гренау
  10. Грос Зарау
  11. Хармсдорф
  12. Холенбек
  13. Хорст
  14. Китлиц
  15. Клајн Цехер
  16. Кулпин
  17. Мехов
  18. Мустин
  19. Погец
  20. Ремниц
  21. Залем
  22. Шмилау
  23. Зедорф
  24. Штерлај
  25. Цитен
  • 6. Литау
    (седиште: Лауенбург (Елба))
  1. Базедов
  2. Бухорст
  3. Далдорф
  4. Јулиусбург
  5. Круков
  6. Крицен
  7. Ланце
  8. Литау
  9. Шнакенбек
  10. Вангелау
  1. Дуфензе
  2. Гринау
  3. Грос Боден
  4. Грос Шенкенберг
  5. Клинкраде
  6. Коберг
  7. Кизен
  8. Лабенц
  9. Ланкау
  10. Линау
  11. Лихов
  12. Нусе
  13. Пантен
  14. Погензе
  15. Рицерау
  16. Зандеснебен1
  17. Шипхорст
  18. Шенберг
  19. Ширензелен
  20. Зибенбојмен
  21. Зирксфелде
  22. Штајнхорст
  23. Штубен
  24. Валксфелде
  25. Венторф
  1. Бастхорст
  2. Брунсторф
  3. Дамкер
  4. Елменхорст
  5. Фуленхаген
  6. Грабау
  7. Грос Пампау
  8. Грове
  9. Гилцов
  10. Хамфелде
  11. Хафекост
  12. Канкелау
  13. Касебург
  14. Колов
  15. Кетел
  16. Кудеверде
  17. Мензен
  18. Миленраде
  19. Замс
1седиште на општинската заедница
  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

53°35′N 10°40′E / 53.583° СГШ; 10.667° ИГД / 53.583; 10.667