Рацебург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рацебург
Рацебуршка катедрала
Рацебуршка катедрала
Грб на Рацебург
Рацебург се наоѓа во Германија
Рацебург
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Војводство Лауенбург
Градоначалник Рајнер Фос
Основни податоци
Површина 30,29 км2
Надм. височина 36 м
Население 14.230 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 470 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RZ
Пошт. бр. 23909
Повик. бр. 04541
Портал www.ratzeburg.de
Местоположбата на градот Рацебург во рамките на округот Војводство Лауенбург
Карта
Координати 53°42′00″ СГШ 10°45′00″ ИГД / 

Рацебург (германски: Ratzeburg) — град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Опкружен е од четири езера, најпознато и најголемо од нив е Рацебуршкото Езеро. Рацебург претставува административно седиште на округот Војводство Лауенбург. Воедно, градот е административно седиште и на општинската заедница Лауенбуршки Езера, иако самиот град не е член на заедницата.

Историја[уреди | уреди извор]

Рацебург, околу 1590.

Градот бил основан во XI век како Рацисбург (Racisburg). Името било изведено од локалниот вендски владетел, принцот Ратибор, кој имал прекар Раце. Во 1044 година, христијанските мисионери под водство на монахот Ансвер дошле во областа и изградиле манастир. Бил уништен во паганската побуна во 1066 година; монасите биле каменувани до смрт. Денес, споменици за мисионерите во две од градските цркви потсетуваат на овие настани. Ансвер бил канонизиран во XII век и неговите реликвии биле закопани во Рацебуршката катедрала.

Хајнрих Лавот станал владетел на градот во 1143 година и основал епископија во 1154 година. Исто така бил одговорен за изградбата на романската катедрала (Dom), изградена во типичен северногермански стил со тули. Хајнрих исто така ја забрзал изградбата на сличните катедрали во Либек и Брауншвајг, каде биле закопани неговите остатоци.

Од 1180 година, на дел од епископската област на Рацебург, била создадена принц-бискупија, чиј владетел бил суверен и како таков имал глас во царското собрание. Принц-бискупијата Рацебург била последната држава во Северна Германија која останала католичка. По смртта на нејзиниот владетел принц-бискупот Георг фон Блументал во 1550 година, кој владеел со Томас Адерпул, бискупијата станала лутеранска во 1554 година.

Иако градот Рацебург бил дел од бискупијата, самиот град не бил во рамките на територијата на Принц-бискупијата Рацебург, туку бил дел од Војводството Саксо-Лауенбург од 1296 година, останувајќи во ова војводство до 1876 година. Катедралскиот четврт пак уживал извесна независност, т.н. „катедралска слобода“ (Domfreiheit) на принц-бискупијата, секулизирано како кнежевство во 1648 година. Во 1619 година, главниот град на Саксо-Лауенбург бил преместен од Лауенбург на Елба во Рацебург и оттогаш останал таму. Градот бил скоро целосно уништен во 1693 година, кога Кристијан V, дански крал, го оставил во руини од бомбардирањето по неговиот неуспешен обид да го преземе војводството против Хановерската династија. По овој настан, Рацебург бил повторно изграден во барокен стил.

Рацебург кратко бил дел од Првото француско царство во текот на Наполеонските војни, по што Војводството Саксо-Лауенбург било доделено во личен сојуз на данската круна на Виенскиот конгрес. Откако данската круна го изгубила Лауенбург при Втората шлезишка војна (1864), предводниците на војводството им понудиле на пруската династија Хоенцолерн владеел со личен сојуз, кои прифатиле во 1865 година. На 1 јули 1876 година, Војводството Лауенбург било споени во пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн, создавајќи го денешниот округ Војводство Лауенбург, со седиште во Рацебург. Поранешниот катедралски четврт, дел од Мекленбург, конечно станал дел од градот Рацебург со Законот за голем Хамбург од 1937 година.

Од 1945 до 1989 година, Железната завеса поминувала источно од градот, претставувајќи граница со Источна Германија.

Познати жители[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Рацебург е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]