Прво Француско Царство
Француско Царство Empire Français
| |
---|---|
1804–1814 | |
Химна: Chant du Départ "Песна на заминување" | |
Статус | Империја |
Главен град | Париз |
Говорени јазици | француски |
Уредување | уставна монархија |
Цар | |
• 1804 – 1814/1815 | Наполеон Бонапарт |
• 1815 | Наполеон II[1] |
Legislature | Парламент |
Сенат | |
Законодавно тело | |
Историски период | Наполеонови војни |
• Наполеон како цар | 18 мај 1804 |
• Абдиција на Наполеон | 6 април 1814 |
• Сто дена | 20 март – 7 јули 1815 |
Валута | француски франк |
Денес дел од | Белгија Хрватска Франција Германија Италија Луксембург Монако Холандија Словенија Швајцарија Ватикан |
Француско Царство (1804-1814)[2][3], познато и како Големо Француско Царство, Прво Француско Царство или Наполеоново Царство — царство основано од страна на Наполеон Бонапарт. Во времето на неговото постоење било доминантна сила во поголемиот дел од континентална Европа за време на раниот XIX век.
Наполеон бил прогласен за цар на Французите (L'Empereur des Français) на 18 мај 1804 година и крунисан на 2 декември 1804 година. По создавањето на царството, веднаш Франција започнала војна против т.н. колалиција на Австрија, Прусија, Русија, Португалија. Наполеон издвојувал голема победа во Битката кај Аустерлиц во 1805 година и во Битката кај Фридланд во 1807 година.
Наполеон на 6 април 1814 година абдицирал, но од прогонство се вратил од Елба наредната година. Во Битката кај Вратело Франција била поразена, кое го навестило пропаѓањето на царството.
Наполеон ја потпишал својата втора абдикација на 22 јуни; на 28 јуни кралот Луј XVIII бил повратен на францускиот престол, со што завршиле т.н. „сто дена“. Британските власти го прифатиле предавањето на поранешниот цар на 15 јули; подоцна бил протеран на островот Света Елена. Толку бил голем поразот на Наполеон, што Ватерло останал како синоним за огромен пораз.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ According to his father's will only. Between June 23 and July 7, France was held by a Commission of Government of five members, which never summoned Napoleon II as emperor in any official act, and no regent was ever appointed while waiting the return of the king. [1]
- ↑ Но на домашен терен „Француска Република“ сè до 1808 г.
- ↑ The official bulletin of laws of the French Empire
|