Округот бил основан од пруската администрација во 1867 година. Во 1932 година бил проширен со делови од распуштениот округ Бордесхолм. Во текот на XX век некои општини биле одземени од округот поради припојување кон градот Кил.
Внатрешноста на округот е ишарана со езера. Големото Пленско Езеро (Großer Plöner See, 29 км2) и Зелентското Езеро (Selenter See, 22 км2) се најголеми езера во Шлезвиг-Холштајн. Езерската област и околните делови на соседниот округ Источен Холштајн ја сочинуваат областа наречена Холштајнска Швајцарија, бидејќи ова е ридеста околина. Меѓутоа, највисокиот врв (Бунгсберг) има само 168 м. Северно од езерската област се наоѓа Пробштај (Probstei), област на брегот на Балтичкото Море.