Морето отсекогаш имало силно влијание во областа. Во средновековниот период, бурите го правеле животот во Северна Фризија опасен. Дури во новото време со изградбата на брани било спречено понатамошното губење на земјата и на луѓето. Многу села кои некогаш постоела сега се на дното на морето. Најпознат пример е малото морско пристаниште Рунгхолт, кое било уништено од големата поплава во 1362 година. Островот Штранд исчезнал во Буркардиската поплава, уште една катастрофална бура во 1634 година. Подоцна, се појавиле неколку мали острови наместо Штранд.
Од околу 1200 година до 1864 година, областа која сега е Северна Фризија била дел од Војводството Шлезвиг, кое самото не било директно дел од данското кралство, туку феуд на данската круна и поврзувано со данските кралеви преку личен сојуз како одвоена единица. Северна Фризија сè уште е повеќејазичен округ: постојат луѓе кои говорат германски јазик, долногермански јазик, севернофризиски јазик и дански јазик. Севернофризискиот јазик постои во девет малку различни дијалекти, иако главно е користен од постарите граѓани во копнениот дел на Северна Фризија. Сепак, голема јазична заедница на Фризи постои на островите Фер и Амрум. Откако станал германски, трите окрузи биле основани во област: Зидтондерн на север, Хузум во средина и Ајдерштет на југ. Во 1970 година овие три окрузи биле споени за да го основаат округот Северна Фризија.
Целосниот крајбрежен појас е дел од Националниот парк Ваденско Море. Северна Фризија го вклучува брегот помеѓу Дитмаршен и Данска. На југ е полуостровот Ајдерштет, каде реката Ајдер се влева во морето.
Грбот прикажува три златни бродови на сина позадина. Овој грб бил користен од полуостровот Ајдерштет од XVII век. Кога округот бил основан во 1970 година, грбот на Ајдерштет бил прогласен на ниво на целиот округ. Разликата од стариот грб се трите слики на едрата на бродовите: плуг, харинга и глава од бик.