Прејди на содржината

Фридрихштат

Координати: 54°22′N 9°04′E / 54.367° СГШ; 9.067° ИГД / 54.367; 9.067
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фридрихштат
Плоштадот во Фридрихштат
Плоштадот во Фридрихштат
Плоштадот во Фридрихштат
Грб на Фридрихштат
Фридрихштат во рамките на Германија
Фридрихштат
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Градоначалник Егерт Фогт (СДП)
Основни податоци
Површина 4,03 км2
Надм. височина 6 м
Население 2.555 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 634 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25840
Повик. бр. 04881
Портал www.friedrichstadt.de
Местоположба на градот Фридрихштат во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати 54°22′N 9°04′E / 54.367° СГШ; 9.067° ИГД / 54.367; 9.067

Фридрихштат (германски: Friedrichstadt; севернофризиски: Fräärstää; дански: Frederiksstad; холандски: 'Frederikstad aan de Eider') — град во округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа помеѓу реките Ајдер и Трене, околу 12 километри јужно од Хузум.

Градот претставувал административно седиште на истоимената општинска заедница.

Историја

[уреди | уреди извор]

Бил основан во 1621 година од холандски доселеници. Војводата Фридрих III на Холштајн-Готорп ги повикал да инвестираат капитал и знаење во оваа областа, а за возврат им ветил верска слобода во врска со нивната менонитска и ремонстрантска религија и можноста да добијат мочуриште во близина на градот. Еден од нив бил Јоханес Нарсиус. Во тоа време, холандскиот јазик станал службен јазик во рамките на градот. До 1630 година, многумина се вратиле во Холандија. Во 1633 година, Фридрих III испратил амбасадор во Персија со цел да го претстави Фридрихштат како европски терминал. И покрај успешните најави, сепак проектот на крајот пропаднал. Градот не станал толку успешен како што се очекувало.

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]