Боргзум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Боргзум
Ветерница во Боргзум
Ветерница во Боргзум
Боргзум се наоѓа во Германија
Боргзум
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Фер-Амрум
Градоначалник Уве Ингверзен
Основни податоци
Површина 5,51 км2
Надм. височина 5 м
Население 333 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 60 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25938
Повик. бр. 04683
Портал www.borgsum-auf-foehr.de
Местоположбата на Боргзум во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Координати 54°42′00″ СГШ 8°28′00″ ИГД / 

Боргзум (германски: Borgsum; фериншки: Borigsem) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Историја[уреди | уреди извор]

Името означува „населба на замокот“. Замокот се нарекува Лембексбург (Lembecksburg), кој всушност претставува средновековен прстенест ѕид со дијаметар од 95 метри и височина од десет метри. Според старите верувања бил изграден во IX век како упориште против Викинзите и е именувано по витезот Клаус Лембек, кој наводно живеел тука како претставник на кралот Валдемар IV од Данска во XIV век. Сепак, по прекршувањето на неговата феудална заклета, Лембек бил обесен од кралот. Некои го оспоруваат фактот дека Лембек некогаш стапнал на островот.[2] Археолошките пронајдоци на островот Зилт кон крајот на 1970-тите навестуваат дека Лембексбург и слични објекти на Зилт потекнуваат од времето на Римската империја.[3]

Во 1991 година била изградена ветерница на местото на старата ветерница. Денес, Боргзум има околу 350 жители.

Економија[уреди | уреди извор]

Боргзум главно се занимава со земјоделство и туризам. Дополнително постојат неколку занаетчии.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]