Небел (Амрум)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Небел
Црквата во Небел
Црквата во Небел
Црквата во Небел
Небел (Амрум) во рамките на Германија
Небел (Амрум)
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Фер-Амрум
Градоначалник Бернд Дел Мисир
Основни податоци
Површина 11,96 км2
Надм. височина 6 м
Население 947 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 79 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25946
Повик. бр. 04682
Портал www.amt-foehr-amrum.de
Местоположба на Небел во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати 54°39′11″N 8°21′18″E / 54.65306° СГШ; 8.35500° ИГД / 54.65306; 8.35500Координати: 54°39′11″N 8°21′18″E / 54.65306° СГШ; 8.35500° ИГД / 54.65306; 8.35500

Небел (германски: Nebel; емраншки: Neebel) — општина на островот Амрум во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Географија и сообраќај[уреди | уреди извор]

До крајот на 2006 година, Небел бил седиште на општинската заедница Амрум и со тоа административно седиште на островот Амрум.

Зидорф (германски: Süddorf; емраншки: Sössaarep) и Штеноде (Steenodde, Stianood) се села во рамките на општината. Западниот дел на селото е наречен Вестерхајде.

Небел е поврзан со автобуска линија со Витдин и Нордорф. До 1939 година, Небел имал железничка станица за островската железница. Во Штеноде, постои мало пристаниште.

Историја[уреди | уреди извор]

Најверојатно, Небел бил основан на почетокот на XVI век. Се верува дека името е изведено од зборовите nei и bel, каде првото означува „ново“, а второто е засновано на стариот дански термин boli, „населба“.

Црквата Св. Климент била изградена во 1236 година и се наоѓала помеѓу селата Нордорф и Зидорф пред основањето на Небел.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Штеноде[уреди | уреди извор]

Штеноде (германски: Steenodde, емраншки: Stianood, дански: Stenodde) — најмалото село на Амрум. Се наоѓа непосредно на брегот на плимните рамнини на Ваденското Море. Познати делови се долмените и гробниците, кои се честа глетка во областа.

Штеноде има сопствено мало пристаниште. Селото претставувало пристаниште за фериботската линија Амрум-хализи-Шлитзил, но денес е мало пристаниште за помали товарно пловила и за јахти помали од 12 метри. Најстарата куќа на Амрум, поранешна гостилница се наоѓа во Штеноде. Била изградена во 1720 година.

Зидорф[уреди | уреди извор]

Зидорф (германски: Süddorf, емраншки: Sössaarep, дански: Sydtorp) бил првпат спомнат во 1446 година и со тоа е најстарото село на островот. Морнарот Харк Олуфс, роден во Зидорф, станал познат во XVIII век додека му служел на бегот во Константин.

Кон крајот на XIX век била изградена ветерница на старите гробишта. Таа била само преместена од островот Зилт, каде била поставена во 1775 година. Денес, се користи како место за живеење.

На југозападниот дел на Зидорф се наоѓа санаториумот Зателдине (Satteldüne), кој е специјализиран во третман на болестите на респираторниот систем на деца и на возрасни. Основното училиште во местото е надлежно за целиот остров.

Јужно од Зидорф се наоѓа светилник. Започнал со работа на 1 јануари 1875 година и претставува втор највисок светилник долж германските брег на Северното Море, веднаш зад оној во Хелголанд. Кулата е изградена на дина, висока 27 метри. Самата светилка е поставена на 63 метри надморска височина и може да се види на далечина од 23 километри. Светилникот е најпозната градба на островот.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Друга ветерница, изградена во 1771 година од Ерк Кнутен, е дом на музејот за локалната историја, кој вклучува дела на различни сликари во летните месеци. Претставувала холандска хоризонтална ветерница, која била во употреба до 1962 година. Свештеникот Ерих Перксен ја заштитил градбата од уривање со основање на здружение за заштита на Амрумската ветерница во 1963 година. Ветерницата е функционална и денес.[2]

Наспроти ветерницата се наоѓаат гробиштата на бездомниците, каде се закопани поголем број неидентификувани удавени лица. Повеќето гробови се од почетокот на XX век, а најновиот е од 1969 година. Оттогаш, сите тела кои допловуваат на амрумските плажи се идентификуваат поради подобрените форензички техники. Секој гроб е украсен со едноставен дрвен крст со датум на пронаоѓањето на телото.

Пловното светло „Небел“, поставено во 1981 година, е современа алуминиумска градба од 9,6 метри. Поради неговата местоположба, ова светло за каналото „Нордерауе“ (Norderaue) има височина од 16 метри над високата плима и се гледа до 19,5 км.

Амрумска куќа (Öömrang Hüs).

Амрумската куќа (Öömrang Hüs) — стара фризиска куќа од околу 1751 година, во сопственост на фолклорното здружение Öömrang Ferian. Првичниот сопственик бил морски капетан, кој го имал изрезбани својот брод на мурал во неговата дневна соба. Поранешниот домашен изглед е прикажан во собите на оваа куќа, која е отворена за јавноста. Во таванот се одржуваат различни изложби и секој може да ја прослави својата свадба во дневната соба.

Средиштето на Небел се истакнува од сламените куќи од XVIII и XIX век.

Апостолската група во црквата Св. Климент

Црквата Св. Климент поседува бројни артефакти. Помеѓу нив се готските дрвени апостоли, кои наводно биле пронајдени на брегот при една бура. Крстилницата е во романескнен стил. Тесниот наос, кој вклучува ниска галерија долж крилото и влезот, ја доловува визијата на труп на брод. Исто така вредно за посета во црквата се гробиштата со гробови од периодот 1670-1830. Не само што овие гробови поседуваат насликани бродови, туку поседуваат и кратка содржина за животот на починатиот. До јули 2008 година, парохијата се соочувала со конзервациски проблеми. Особено лишаите постојано ги уништувале старите камења. Се појавуваат идеи за закопувања на камењата во земја, со што бактериите ќе ги отстранат лишаите.[3] Кулата до црквата, висока 36 метри, била изградена дури во 1908 година.

Парохијата Св. Климент поседува ретка копија на Missale Slesvicense, литургиска книга издадена во 1486 година од Штефен Арндес. Само четири примероци на оваа книга се зачувани и се верува дека е најстарата книга некогаш издадена во Шлезвиг-Холштајн и Данска. КНигата се чува во архивите на Северноелпската евангелистичко-лутеранска црква во Кил и често е прикажувана во црквата.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Туризмот е најважна стопанска дејност. Во 2005 година, 35.470 гости престојувале во општината и направиле 341.371 ноќевање. Овие бројки не ги вклучуваат пациентите во санаториумот.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. „Amrumer Museum und Windmühle“. Museums SH.
  3. Schulz, Matthias (14 јули 2008). „Germany's Strangest Cemetery - The Secrets of the Speaking Stones“. Spiegel Online. Посетено на 22 јули 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]