Амрумски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амрумски дијалект
Öömrang
Amrum-Nebel-Oeoemranghues-Memorial-stone-P5252498jm.jpg
Камен со строфа од „Min Öömrang Lun“, традиционална песна од островот Амрум
Застапен воГерманија
ПодрачјеАмрум, Северна Фризија
Говорнициоколу 800  
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3
Linguasphere2-ACA-dba[1]
{{{mapalt}}}
Севернофризиски дијалекти

Амрумски дијалект или емраншкидијалект на севернофризискиот јазик говорен на островот Амрум во областа Северна Фризија, Германија. Емраншки потекнува од фризиското име на Амрум (Oomram). Заедно со другите дијалекти — фериншки, зелриншки и халундски — го создава островското наречје на севернофризискиот јазик. Многу е сличен со фериншкиот дијалект. Амрумскиот е говорен од околу една третина од населението на Амрум (2.300 лица).

Карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Разлика помеѓу долги и кратки самогласки со дуплирање на бројот на букви (пример: lun [земја] и skuul [училиште])
  • Користење на бројни дифтонзи и еден трифтонг, „uai“ (пример: spuai [ја говори вистината])
  • Често користење на прегласи
  • Крајното „w“ се изговара како кратко „u“ (пример leew [слатко, пријатно])
  • Согласката „r“ е извртена (како во италијански)

Лични и семејни имиња[уреди | уреди извор]

Имињата на Амрум сè уште се под силно влијание на фризискиот јазик. Чести се хипохористични имиња и имиња со два дела. Раните заемки биле направени од данскиот јазик и христијанизацијата на Северните Фризи околу 1000 година, кое донело умерено влијание на христијанските и библиските имиња. Со поморството, кое било развиено на островот, станале популарни и холандските и западнофризиските облици.[2]

Презимињата обично биле патроними, односно биле поединечно создавани како генитивен облик од името на таткото. Спротивно на скандинавските Петерсен или Петерсон, означувајќи „син на Петер“, емраншкото име како Петерс означува „на Петер“. Овој обичај бил забранет од данската власт во 1828 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "o" (PDF). The Linguasphere Register. стр. 235. конс. 1 март 2013. 
  2. 2,0 2,1 Faltings, Volkert F., уред (1985) (на германски). Kleine Namenkunde für Föhr und Amrum. Хамбург: Helmut Buske. ISBN 3-87118-680-5.