Хелголандски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хелголандски севернофризиски
Halunder
Застапен воГерманија
ПодрачјеХелголанд
Говорнициоколу 150  (2009)[1]
Јазично семејство
Статус
Службен воFlag of Helgoland.svg Хелголанд
Јазични кодови
ISO 639-3
Linguasphere52-ABB-dbe[2]
{{{mapalt}}}
Севернофризиски дијалекти

Хелголандски дијалект или халундски (Halunder) — дијалект на севернофризискиот јазик говорен на германскиот остров Хелголанд во Северното Море.[3] Денес дијалектот се говори од одвај 150 лица од вкупно 1.650 жители на островот и се предава во училиштата.[1] Хелголандски е блиску поврзан со островските севернофризиски дијалекти фериншки и емраншки поради средновековното рибарство околу Хелголанд кое привлекувало Фризи од островите Фер и Амрум. Всушност, фериншки и емраншки се поблиску во јазичен смисол до дијалектот на Хелголанд отколку на соседниот остров Зилт, зелриншки.[4]

Џејмс Крис е најпознатиот писател на поеми и раскази на хелголандски, додека Марија Лајтгебер (1906–1979) ја напишала најзначајната проза.[5]

На 24 декември 2004 година во сила стапил закон во германската покраина Шлезвиг-Холштајн, со кој се признал севернофризискиот јазик за официјална употреба во округот Северна Фризија и на Хелголанд.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Реплингер, Роџер (7 јануари 2009). "Halunder for Beginners". Die Tageszeitung (германски). Посетено на 30 септември 2012.
  2. "h" (PDF). The Linguasphere Register. стр. 175. Посетено на 1 март 2013.
  3. W. B. Lockwood, A Panorama of Indo-European Languages, London: Hutchison University Library, 1972, p. 107
  4. Faltings, Jan I. (2011). Föhrer Grönlandfahrt im 18. und 19. Jahrhundert (германски). Амрум: Verlag Jens Quedens. стр. 15–16. ISBN 978-3-924422-95-0.
  5. Steensen, Thomas (1999). "Zwei Jahrhunderte nordfriesischer Literatur - ein kurzer Rück- und Ausblick". Zeitschrift für Kultur- und Bildungswissenschaften (германски). Фленсбуршки универзитет (8): 121–127.
  6. "Gesetz zur Förderung des Friesischen im öffentlichen Raum". Викиизвор (германски).

Поврзано[уреди | уреди извор]