Ферски дијалект
Ферски дијалект | |
---|---|
Fering | |
Застапен во | Германија |
Подрачје | Фер, Северна Фризија |
Говорници | 1500 (2004)[1] |
Јазично семејство | индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Linguasphere | 2-ACA-dbb to 2-ACA-dbd[2] |
Севернофризиски дијалекти |
Ферски дијалект или фериншки — дијалект на севернофризискиот јазик говорен на островот Фер, во областа Северна Фризија, во Германија. Заедно со другите севернофризиски дијалекти — емраншки, зелриншки и халундски — создава дел од внатрешната група на севернофризиски дијалекти. Самиот дијалект е многу сличен со емраншкиот.
Статус
[уреди | уреди извор]Околу 3.000 од 8.700 жители на Фер говорат фериншки (на 1.500 од нив им е мајчин јазик[1]), броејќи една третина од сите севернофризиски говорници. Непознат број на емигранти во САД, главно во Њујорк и Северна Калифорнија, говорат фериншки исто така. Фериншкиот дијалект се разликува од другите севернофризиски дијалекти во тоа дека е исто така јавно користен на Фер, не само во домашни услови. Општините Олдзум и Зидеренде (фериншки: Olersem и Söleraanj) во западниот дел на Фер се упоришта на дијалектот.[1]
Имиња и презимиња
[уреди | уреди извор]Имињата на Фер сè уште се под силно влијание на фризискиот јазик. Чести се хипохористични имиња и имиња со два дела. Раните заемки биле направени од данскиот јазик и христијанизацијата на Северните Фризи околу 1000 година, кое донело умерено влијание на христијанските и библиските имиња. Со поморството, кое било развиено на островот, станале популарни и холандските и западнофризиските облици.[3]
Презимињата обично биле патроними, односно биле поединечно создавани како генитивен облик од името на таткото. Спротивно на скандинавските Петерсен или Петерсон, означувајќи „син на Петер“, фериншкото име како Петерс означува „на Петер“. Овој обичај бил забранет од данската власт во 1771 година за Војводството Шлезвиг и затоа била напуштена во источниот дел на Фер. Бидејќи западниот дел на Фер бил директен дел на данското кралство до 1864 година, патронимите биле во употреба до 1828 година, кога биле забранети и во Данска.[3]
Заемки
[уреди | уреди извор]Покрај холандските имиња, поморците во холандска служба исто така донеле многу заемки од холандскиот јазик во фериншкиот кои се користат и денес. Било забележано дека покрај африканс, ниеден друг јазик надвор од Холандија не бил толку под влијание на холандскиот јазик како севернофризиските дијалекти. Примерите за фериншки се:[4]
Фериншки | Холандски | Македонски |
---|---|---|
al of ei | al of niet | „да или не“ |
bak | bak | „чаша“ |
bekuf | bekaf | „уморен“ |
kofe | koffie | „кафе“ |
skraal | schraal | „сув“ |
det spiit mi | dat spijt mij | „Извини“ |
Други заемки доаѓаат од англискиот јазик, поради многуте луѓе кои емигрирале во САД од Фер, но одржувале контакт со нивните роднини на островот. Примери се:[5]
Фериншки | Англиски | Македонски |
---|---|---|
gaabitsch | garbage can | „ѓубре“ |
friiser | freezer | „фрижидер“ |
sink | sink | „потонува“ |
Фериншка книжевност
[уреди | уреди извор]Постојат неколку фериншки писатели. Еден од првите јавно објавени писатели бил Арфст Јенс Арфстен (1812–1899), кој започнал да пишува анегдоти на фериншки околу 1855 година.[6] Други се Стине Андресен (1849–1927) кој бил поет и писател од Вик, чија литература често се однесува на нејзиниот роден остров. Таа ја објавила нејзината поезија на германски јазик, но и на фериншки. Во 1991 година била објавена новелата „Темна свадба“ (Jonk Bradlep) на Елин Никелсен. Со нејзе, таа ја освоила првата одржана севернофризиска книжевна награда.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Bohn, Ocke-Schwen (2004). „How to organize a fairly large vowel inventory: the vowels of Fering (North Frisian)“ (PDF). Journal of the International Phonetic Association. 34 (2): 161–173. doi:10.1017/s002510030400180x. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-07. Посетено на 2015-02-19.
- ↑ „f“ (PDF). The Linguasphere Register. стр. 164. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-19. Посетено на 19 септември 2011.
- ↑ 3,0 3,1 Faltings, Volkert F., уред. (1985). Kleine Namenkunde für Föhr und Amrum (германски). Хамбург: Helmut Buske. ISBN 3-87118-680-5.
- ↑ Faltings, Jan I. (2011). Föhrer Grönlandfahrt im 18. und 19. Jahrhundert (германски). Амрум: Verlag Jens Quedens. стр. 39–40. ISBN 978-3-924422-95-0.
- ↑ Kunz, Harry; Steensen, Thomas (2013). Nordfriisk Instituut (уред.). Föhr Lexikon (германски). Neumünster, Hamburg: Wachholtz Verlag. стр. 120–122. ISBN 978-3-529-05523-2.
- ↑ Arfsten, Arfst J. (1993). Faltings, Volkert F. (уред.). Fering anecdotes. Nuurdfresk tekstbiblioteek (севернофризиски, германски, и долногермански). 1. Амрум: Verlag Jens Quedens. стр. 9–22. ISBN 978-3-924422-16-5.
- ↑ Nickelsen, Ellin (1991). Jonk Bradlep (севернофризиски). Бредштет: Nordfriisk Instituut. ISBN 978-3-88007-175-9. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2015-02-19.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Оке-Швен Бон Архивирано на 2 октомври 2006 г. — примероци од говорот и фонетски опис на фериншки