Санкт Петер-Ординг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Санкт Петер-Ординг
Општинското собрание со скулптурата „Јан и Грет“ (Jan und Gret) која ја претставува тешката работа на рибарите пред појавата на туризмот[1]
Општинското собрание со скулптурата „Јан и Грет“ (Jan und Gret) која ја претставува тешката работа на рибарите пред појавата на туризмот[1]
Знаме на Санкт Петер-Ординг
Грб на Санкт Петер-Ординг
Санкт Петер-Ординг се наоѓа во Германија
Санкт Петер-Ординг
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Ајдерштет
Градоначалник Рајнер Балсмајер
Основни податоци
Површина 28,28 км2
Надм. височина 3 м
Население 4.036 (31 декември 2016)[2]
 - Густина 143 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25826
Повик. бр. 04863
Портал www.sankt-peter-ording.de
Местоположбата на Санкт Петер-Ординг во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Координати 54°18′15″ СГШ 8°39′04″ ИГД / 
Санкт Петер-Ординг

Санкт Петер-Ординг (германски: Sankt Peter-Ording) — општина и приморско одморалиште во округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Тоа е единствено германско приморско одморалиште кое има и сулфурен извор и затоа се нарекува „Бања на Северното Море и сулфурен извор“. По бројот на ноќевања, Санкт Петер-Ординг е водечко приморско одморалиште во покраината Шлезвиг-Холштајн.

Географија[уреди | уреди извор]

Санкт Петер-Ординг се наоѓа на брегот на Северното, на западниот крај на полуостровот Ајдерштет, околу 45 километри југозападно од Хузум. Дел од општината се наоѓа во Националниот парк Ваденско Море. Општината е препознатлива по својата 12-километарка плажа во должина и еден километар широчина, дините, солените мочуришта и пошумените области, кои се невообичаени за оваа област. Солените мочуришта се од посебно еколошко значење, бидејќи тие припаѓаат на неколкуте солени мочуришта кои останале во нивната природна состојба. Спротивно на другите солени мочуришта долж Северното Море, тие содржат бројни езерца и бари. Копнената страна е поплавувана со морска вода понекогаш и не секоја година, па така амфибиите како тревнастите и мочуришните жаби живеат некарактеристично близу до морето.

Нормалниот распон на плимите е до три метри.

Клима[уреди | уреди извор]

Како што е вообичаено за крајбрежните области, Санкт Петер-Ординг има морска клима со благи зими и свежи лета.

Локалната клима, особено воздухот на дините и плажата, солените мочуришта и шумата, особено, имаат високи количества на аеросоли и јод. Дополнително малата вегетација овозможува чист воздух без можност за алергени.

Бањата се користи за таласотерапија, медицинска употреба на морскиот воздух и вода.

Делови[уреди | уреди извор]

Општината Санкт Петер-Ординг се состои од пет дела: Брезум и Нордердајх, Ординг и Вестмаркен, Бад, Дорф и Витендин и Зидерхефт/Бел.

Историја[уреди | уреди извор]

Санкт Петер-Ординг е составена од неколку поранешни општини. Најраното споменување било за селото Санкт Петер, претходно познато како Улструп, кое потекнува од 1373 година; името се менувало бидејќи Улструп изгубил доста земја во Северното Море. Постои доказ за постоење на викиншки населби. Зидерхефт/Бел се откажал од својата независност по поплавата во 1553 година. Црквите во Санкт Петер и Ординг се споиле во една парохија во 1867 година. Во 1967 година се споиле како една општина, Санкт Петер-Ординг. Во 1970 година, општината станала дел од округот Северна Фризија, а претходно била дел од округот Ајдерштет.

Поради постојаното губење земја, ниедно пристаниште не можело да биде изградено и Санкт Петер-Ординг никогаш не започнал со рибарство. Дури и земјоделството не било секогаш успешно, поради соленоста на почвата од поплавувањето.

Постоеле „барачи“ (Hitzlöper) кои го пребарувале брегот за разни работи. Вредните работи често биле криени со цел да се избегне плаќањето данок.

Дините создавале проблеми за жителите. Така, Ординг два пати морал да ја напушти својата црква. Засадувањето на постојана вегетација започнало во 1860 година по наредба на данскиот крал, кој владеел со областа до 1864 година; данската граница била близу реката Ајдер. Во 1867 година, Санкт Петер станал дел од Прусија.

Важноста на Санкт Петер-Ординг како приморско одморалиште потекнува од 1877 година, кога бил изграден првиот хотел. Во 1913 година бил изграден првиот санаториум. Во 1953 година бил пронајден силен извор на јод и биле изградени уште бањски објекти. Во 1958 година, покраината го признала Санкт Петер-Ординг како „бања на Северното Море и сулфурен извор“.

Првата крајбрежна патека била изградена на плажата во Ординг во 1926 година. Во 1932 година била проширена железницата Хузум-Бад Санкт Петер-Ординг од Гардинг. Можноста за подобра патна инфраструктура била можно со изградбата на Ајдершперверк, морска брана на реката Ајдер.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]