Дагебил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дагебил
Поглед на црквата во Дагебил
Поглед на црквата во Дагебил
Грб на Дагебил
Дагебил is located in Германија
Дагебил
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Зидтондерн
Градоначалник Ханс-Јирген Ингверзен (WG-D-F-W)
Основни податоци
Површина 36,22 км2
Надм. височина 3 м
Население 896 (31 декември 2018)[1]
 - Густина 25 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25899
Повик. бр. 04667
Портал www.dagebuell.de
Местоположба на Дагебил во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Координати 54°44′N 8°43′E / 54.733° СГШ; 8.717° ИГД / 54.733; 8.717Координати: 54°44′N 8°43′E / 54.733° СГШ; 8.717° ИГД / 54.733; 8.717
Пристаништето во Дагебил
13-04-21-dagebuell-by-RalfR-161.jpg

Дагебил (германски: Dagebüll; мориншки: Doogebel; дански: Dagebøl) — општина сместена на западниот брег на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во округот Северна Фризија, во северниот дел на Германија.

Општината била создадена во 1978 година како спојување на општините Фаретофт, Јулијане-Мариен-Ког и Вајгард. Порано, Дагебил претставувал халиг, најстарите куќи биле изградени на вештачки ридови, кои делумно може да се видат и денес. Во 1704 година, областа била заштитена со морски брани.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Дагебил-Кирхе[уреди | уреди извор]

Општинската единица Кирхе („црква“; германски: Kirche; севернофризиски: Doogebel Schörk) се наоѓа во средиштето на полдерот Дагебил, во самото јадро на поранешниот халиг. Многу стари фарми сè уште се наоѓаат на вештачки ридови.

Кога црквата била изградена во 1731 година, немала ѕвоно. Дури во 1905/1906 година, кога биле собрани доволно средства било одлучено да се изгради камбанарија со ѕвоно.

Дагебил-Хафен[уреди | уреди извор]

Општинската единица Хафен („пристаниште“; германски: Hafen; севернофризиски: Doogebel Huuwen) се наоѓа околу 3 километри западно од Кирхе, веднаш на самиот брег. Значаен дел од посетителите на островите Фер и Амрум заминуваат од копното преку пристаништето во Хафен. Местото обезбедува многу туристички објекти и голем паркинг и гаража за клиентите на фериботските линии. Јужно од фериботскиот терминал се наоѓал светилникот во Дагебил, кој не се користи повеќе.

Недалеку од светилникот се наоѓаат објектите Водната и бродска администрација, каде започнува железничката линија Дагебил–ОландЛангенес, која всушност е теснолиниска линија.

Фаретофт[уреди | уреди извор]

Фаретофт (Fahretoft) се наоѓа помеѓу Дагебил и Вајгард. Спортскиот општински клуб, ФК Фаретофт/Вајгард, основан во 1965 година, е сместен тука. Еден од полдерите во областа, „Ботшлотер Ког“ (Bottschlotter Koog), кој бил создаден помеѓу 1633 и 1638 година, бил именуван по локалниот плимен поток. Овој полдер има 28 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Областа на Дагебил била користена како мал халиг и во 1626 година имал површина од околу 450 хектари. Во XVI и XVII век биле направени неуспешни обиди, областа да се заштити со брани. Било невозможно да се запрат сите плимни потоци наеднаш. При големата поплава во 1634 година, Дагебил доживеал голема загуба на земја.

Во 1700 година, жителите добиле право за изградба на брана во 1702/1703 година. Новиот полдер Дагебил изнесувал 502 хектари и за разлика од стариот халиг, бил преместен на исток. Во 1704 година била изградена брана да го поврзе полдерот Дагебил со стариот полдер Кристијан-Албрехтс. Со создавањето на полдерот Клајзе во 1727 година, Дагебил на крајот станал дел од копното.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Фериботскиот терминал во Дагебил

= Бродски[уреди | уреди извор]

Фериботскиот терминал обезбедува услуги за островите Фер и Амрум, за патнички и товарни бродови.

Железнички[уреди | уреди извор]

Дагебил поседува две мали станици на рутата кон Нибил: Дагебил-Моле (на фериботскиот терминал) и Дагебил-Кирхе. Постои и помошна станица во рамките на Дагебил-Хафел. Оваа се користи само кога докот е поплавен поради високите бранови и бури.

Од 1929 година, мала теснолиска железница го поврзува Дагебил со хализите Оланд и Лангенес долж севернофризиското Ваденско Море. Железницата се користи за достава на стока и крајбрежно управување, без патнички сообраќај. Во почетокот, локомотивите имале едра и така биле носени од ветрот, но подоцна биле поставени моторите на дизел.

Патен[уреди | уреди извор]

До Дагебил може да се дојде јужно преку Хузум и Бредштет и источно преку Нибил на покраинските патишта.

Парохија[уреди | уреди извор]

Црква Св. Лаврентиј во Фаретофт

Парохијата Дагебил се состои од двете единици на Дагебил и Фаретофт. Постојат две цркви, Св. Лаврентиј во Фаретофт, изградена во 1703 година и Св. Дионис во Кирхе.

Спортски клуб[уреди | уреди извор]

ТСФ Фаретофт/Вајгард е локален спортски клуб, основан во 1965 година. Во клубот има фудбал, пинг-понг, гимнастика и бадминтон.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]