Кампен (Зилт)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кампен
Светилник во Кампен
Светилник во Кампен
Грб на Кампен
Кампен (Зилт) is located in Свет
Кампен (Зилт)
Кампен (Зилт) (Свет)
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Крај Зилт
Градоначалник Харо Јохансен
Основни податоци
Површина 8,47 км2
Надм. височина 1 м
Население 456 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 54 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25998–25999
Повик. бр. 0 46 51
Портал www.kampen.de
Местоположбата на Кампен во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Координати 54°57′N 8°20′E / 54.950°СГШ 8.333°ИГД / 54.950; 8.333Координати: 54°57′N 8°20′E / 54.950°СГШ 8.333°ИГД / 54.950; 8.333

Кампен (германски: Kampen; зелриншки: Kaamp) — општина и приморско одморалиште на островот Зилт во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа северно од главниот град на островот, Вестерланд и прв пат била забележана во 1534 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Кампен во 1894 година погледнат од врвот на светилникот во Кампен.

Со векови, до околу 1900 година, Кампен бил село насочено кон земјоделството. Поморството и рибарството исто така биле важни гранки, а занаетчиите играле важна улога во развојот на селото. Заедно со Венингштет, селото Кампен претставувало дел од т.н. „северни села“ (Norddörfer) на Зилт. Црквата и училиштето биле делени поради помалиот број на жители во соодветните села — па така тие биле одржувани и финансисрани од заеднички средства.

Кампен, тивко село сместено на рамнина, било бавно откривано од туристите. До почетокот на XX век, местото било наведувано како непосреден совет помеѓу туристите. Дури во 1920-тите почнал да се развива угледот на Кампен како приморско одморалиште. Правило од 1912 година, кое е сè уште во сила, барало сите куќи во селото да бидат градени во традиционален стил, т.е. тулни градби со сламени покриви.

Пред и во текот на Втората светска војна биле воспоставени кампови за трупите во Кампен од страна на Вермахтот. Главниот камп се наоѓал близу денешниот јавен камперски простор во југозападниот дел на селото. Бил изграден поради проширувањето на аеродромот во Брадеруп. Меѓутоа, тука немало директни борби, ниту Кампен имал некои позначителни штети од сојузничките бомбардирања.

Источно од селото се наоѓал антивоздухопловен систем со многу бункери, каде подоцна биле сместени бегалци од поранешните источни територии на Германија во текот на повоените години. Во 1950-тите години било основано кафуле во рамките на објектот.

Во почетокот на XX век, многу уметници и интелектуалци биле привлечени од Кампен. „Хаус Клифенде“ (Haus Kliffende) станала главно сврталиште за Томас Ман и многу други славни лица. Фердинанд Авенариус се смета за првиот доселеник на Зилт. По Втората светска војна, селото постојано било место на „богатите и славните“ — тајкуните создадени со економското чудо. Исто така, многу славни лица од филмот и телевизијата го сметале Кампен за современо место. Во 1960-тите години, таму имало значителен раст во нудистичкото движење. Особено популарна станала плажата „Бине 16“. Порастот забавил во 1980-тите години. Денес, Кампен е сè уште популарно место, но главно без спектакуларни настани.

Развој на селото[уреди | уреди извор]

Од 1920-тите па наваму биле градени летни резиденции и вили на главно богатите гости во местото Нордхајде околу старото селско јадро. Така, областа на Кампен двојно се проширила за неколку години. И покрај раните планови од 1920-тите години, западниот дел на Кампен не се изградил и денес е природен резерват.

Религија[уреди | уреди извор]

Кампен нема своја црква. Долго време, главно протестантските верници присуствувале на црковните служби во црквата Св. Северин во Кајтум, 7 километри од Кампен. Во 1914 година била изградена Фризиската капела во соседното село Венингштет. Во текот на летните месеци се одржуваат црковни служби на отворено на различни места.

Економија[уреди | уреди извор]

Како и сите општини на Зилт, Кампен денес е високо насочен кон туризмот и главно зависи од него.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Низ општината поминува покраинскиот пат Л24, кој поминува север-југ долж островот. Покрај него постои автобуската линија бр. 1 на јавното сообраќајно претпријатие на Зилт.

Култура и знаменитости[уреди | уреди извор]

Плажа во Кампен.

Околу три километри северно од Кампен се наоѓа лажно езерце. Денес, овој природен резерват е место за бројни видови на водени птици. Езерцето се наоѓало за фаќање патки уште во 1767 година.

Западно од селото постои т.н. црвен гребен, кој е висок до 30 метри и е многу подложен на ерозија и на бурите. Дината „Уве“ достигнува височина од 52,5 метри надморска височина, односно највисока точка на островот, и е именувана по Уве Јенс Лорнсен (1793–1838), борец за обединување на Шлезвиг-Холштајн, кој потекнувал од Кајтум.

Источно од Кампен се наоѓа Националниот парк Ваденско Море, а во лето се нудат тури низ калливите блата.

Постојат бројни ателјеа и галерии на познати уметници во Кампен.

На западниот дел се наоѓаат неколку неолитски долмени. Бидејќи се необележани, тие се релативно непознати за туристите, исто како што и древниот прстенест ѕид во Кампен е главно незабележан.

Повеќе од 150 години постои светилникот во Кампен, кој се наоѓа јужно од селото. Висок е 40 метри со црна и бела боја. Уште еден помал светилник се наоѓа северно од Кампен на црвениот гребен. Служел како замена на главниот светилник од 1913 до 1975 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]