Вестерланд (Германија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вестерланд
Место во Зилт
Шеталиште во Вестерланд
Шеталиште во Вестерланд
Грб на Вестерланд
Вестерланд (Германија) се наоѓа во Германија
Вестерланд (Германија)
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Град Зилт
Основни податоци
Површина 10,45 км2
Надм. височина 5 м
Население 9.032  (31 декември 2007)
 - Густина 864 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25969–25980
Повик. бр. 04651
Портал www.gemeinde-sylt.de
Местоположбата на Вестерланд во рамките на општината и на округот
Местоположбата на Вестерланд во рамките на општината и на округот
Координати 54°54′36″ СГШ 8°18′27″ ИГД / 

Вестерланд (германски: Westerland; дански: Vesterland; зелриншки: Wäästerlön’) — населено место во рамките на општината Зилт, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн и главно средиште на островот Зилт во Северното Море. Од 1905 до 2008 година поседувал градски права.

Единствено помалите општини Лист, Венингштет-Брадеруп и Кампен се наоѓаат посеверно од него во Германија. Од 1 јануари 2009 година претставува дел од општината Зилт. Се наоѓа 70 километри северозападно од Хузум, 74 километри западно од Фленсбург, 134 километри северозападно од Кил и 186 километри северозападно од Хамбург.

Благодарение на неговиот богат, гламурозен живот и растечкиот туризам, Вестерланд го добил прекарот „Беверли Хилс“ во Германија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Вестерланд е едно од поновите и посовремените места на островот Зилт. По поплавата на 1 ноември 1436 година и уништувањето на населбата Ајдум, преживеаните изградиле нова населба на североистокот во една рамнина. Стариот град, сега наречен Алт-Вестерланд („алт“ означува „стар“ на германски) бил прв пат споменат во 1462 година. Во 1855 година станал приморска бањска заедница, а во 1905 година добил права на град. Во 1949 година бил признаен за приморски бањски град, со тоа издигнувајќи се на главен град на Зилт. Дотогаш, Кајтум го уживал овој статус. На пример, кон крајот на XX век, Кајтум сè уште ја поседувал единствената аптека на островот.

Благодарение на неговата средишна местоположба и центар на сите сообраќајни врски и неговата местоположба во сооднос со главните плажи, Вестерланд се истакнал со неговата надмоќ помеѓу другите места на Зилт во последните сто години.

Економија[уреди | уреди извор]

Економијата на Вестерланд е силно насочена кон туризмот. Во 2002 година, Вестерланд бил втор зад Санкт Петер-Ординг по важност во туризмот во рамките на покраината Шлезвиг-Холштајн: 96.120 гости, од кои 271 (0,28%) од странство, остварени 819.935 ноќевања. Градот има 9.159 слободни кревети. На крајниот југ на градот, близу Хернум, постои простор за кампови. Вестерланд е главен центар за набавка, дистрибуција и услуги за жителите и посетителите на островот Зилт.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Свечено пуштање на новата железница која го поврзувала островот

Зилт, а оттаму и Вестерланд, нема пристап до патишта. Затоа постои воз кој ги пренесува возилата, наречен Sylt-Shuttle, кој тргнува од Нибил на копното и стигнува до Вестерланд. Железничката линија, наречена Мочуришна железница (Marschbahn), поминува на самиот Хинденбуршки насип, долг 11,3 километри долж Ваденското Море, со што го поврзува Зилт со копното. Патничките 1возови, како локални, така и регионалните, исто така доаѓаат до Вестерланд, движејќи се по насипот. Вестерланд исто така го поседува Зилтскиот аеродром, како и автомобилски ферибот од соседниот дански остров Реме.

Луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]