Светилник


Светилник — градба што се подига на брегови, острови, стени, за да им биде ориентир на морските пловни средства.
историја
[уреди | уреди извор]Првите светилници ги изградиле Египќаните и меѓу нив е прочуениот Фарос во Александрија, на устието на реката Нил. Овој светилник спаѓа меѓу Седумте светски чуда на античкиот свет. Во Америка, првиот светилник е подигнат во 1716 година, а светлината се добивала со горење дрва, т.е. се ложел вистински оган. Подоцна светилниците користеле гас и ацетилен. Светилник на електрична енергија е реализиран во 1858 година. Тогаш веќе се користеле огледала и леќи заради подобро снопење на светлината. Покрај тоа, за време на магла се користат сирени, но и вртежни светла. Светилници кои користеле и радиосигнал почнале да се користат уште од 1921 година, а првпат биле примените во Њујорк, САД. Денес, радиосигналот се користи и за ориентација на авионите.
Светилникот како симбол го користат тајните друштва, а во своето лого го користи и познатиот семрежен пребарувач „Нетскејп“.
Светилникот како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Светилникот Сангинере“ - расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Светилник“ на Ризницата ? |
- Светилници од цел свет Архивирано на 4 март 2007 г. (англиски)
- Фотогалерии на светилници Архивирано на 22 февруари 2007 г. (англиски)
- Светилници во Црна Гора Архивирано на 15 март 2018 г. (англиски)
- Светилници во хрватскиот дел на Јадранот Архивирано на 28 март 2007 г. (хрватски)
- Фотографии на хрватски светилници (хрватски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 73-79.
|