Огистен-Жан Френел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Огистен-Жан Френел
Augustin-Jean Fresnel
Augustin Fresnel.jpg
Портрет на Огистен Френел (1866).
Роден10 мај 1788(1788-05-10)
Брољи, Кралство Франција (now Ер, Франција)
Починал14 јули 1827(1827-07-14) (воз. 39 г.)
Вил д’Авре, Кралство Франција (денес О-де-Сен, Франција)
туберкулоза
Почивалиштегробишта Пер Лашез
ЖивеалиштеФранција
Националностфранцуска
Полињафизика, инженерство
Установи
  • Корпус за мостови, води и шуми
  • Атене де Луксембург (1819–20)
  • Политехничка школа (1821–4)
Познат по
Влијание од
Влијаел врз
Поважни награди

Огистен-Жан Френел (француски: Augustin-Jean Fresnel), (10 мај 178814 јули 1827) – француски инженер и физичар.

Основач на модерната оптика, тој дал објаснување за сите оптички појави во рамките на брановата теорија на светлината.

Биографија[уреди | уреди извор]

Гробот на Френел на гробиштата Пер Лашез

Огистен Френел е роден во Брољи, во департманот Ер од татко Жак Френел, архитект, и мајка Огистина Мериме. Му бил внук на книжевникот, сликарот и хемичарот Леонор Мериме, и следствено братучед на археологот и новелистот Проспер Мериме, исто така академици. На 13 години се запишал во централното училиште во Кан, Лицеј Малерб, потоа на 16 и пол години на Политехничката школа. Во 1806 година бил примен на Националната школа за мостови и патишта.

Својата кариера ја почнува во 1808 година во службата за Мостови и патишта во Дром. Во 1815 година се спротивставува на враќањето на Наполеон од Елба. Со оглед дека дедо му, Франсоа Мериме, бил интендант од семејството Де Број[1], Огистен добил ројалистичко образование. Бил уапсен во Валанс на 9 мај 1815 година, и бил вратен кај мајка му во Матје. Во октомври 1815 година, бил назначен за инженер во Ил-е-Вилен. Редовно им пишувал на претпоставените со барање да ја продолжи својата научна кариера покрај Франсоа Араго. Врши бројни експерименти за светлинската бранова интерференција независно од Томас Јанг и го сковал изразот бранова должина. Ги пресметал интегралите наречени Френелови.

Во 1815 година, на дваесет и седум години, ѝ се спротивставува корпускуларната теорија на светлината на Њутн која била на снага дотогаш, и со експерименти за дифракцијата на светлината, ги поставува основите на „вибраторната“ теорија на светлината, која ќе ја дополни и коригира во 1818 година[2].

Таа година Француската академија на науките распишува натпревар за прашањето на парадоксалните својства на светлината. Френел, поттикната од Араго, зема учество на натпреварот и поднесува студија базирана на брановата теорија на светлината. [3]. Еден од членовите на жирито, Симеон Дени ПоасонПоасон, е голем поддржувач на корпускуларната теорија на светлината. Ја проучува студија на Френел во поединости и бара слаба точка за да ја покаже нејзината невистинитост. Поасон верува дека ја нашол во последицата на теоријата на Френел според која во центарот на сенка од кружно непроѕирно тело мора да се формира Френелова дамкасветла дамка, додека според корпускуларната теорија на светлината, сенката е униформна во целиот круг. Измамен од отсуството на Френелови дамки во сенките во секојдневниот живот, Поасон мисли дека ова е јака забелешка на Френеловата теорија[4].

Но претседателот на комисијата, Франсоа Араго (идниот премиер), решава да ги повтори експериментите подетално. Тој монтира метален диск од 2 мм на стаклена плоча со восок [5] ·[6] и успева да добија мала светла дамка во центарот на сенката добиена од непроѕирниот диск, со што повеќето од академиците биле убедени во брановата теорија на светлината. Жирито му ја доделило наградата на Френел во ноември 1819 година [4].

Френел ја потврдил брановата теорија на светлината прв докажувајќи дека светлинските бранови поларизирани во различни рамнини немаат никаков интерференциски ефект и во 1821 од тоа дедукцирал дека брановото движење на поларизираната светлината е трансверзално, а не лонгитудално (како она на звукот), како што се верувало пред него.

Тој прв произвел кружно поларизирана светлина. Неговите равенки, наречени Френелови, за рефракцијата сè уште се користат.

Во доменот на геометриската оптика, Френел ги измислил Френеловите леќи кои се користат за зголемување на моќта на осветлување на светилниците. Истите сè уште се користат во морските светилници, но исто така и во автомобилските фарови [7] и кино проекторите.

Во 1823 година станал член на Француската академија на науките, како и на Кралското друштво во Лондон, кое му го доделило Рамфордовиот медал во 1824 година. Починал од туберкулоза во 1827 година во Вил д’Авре, близу Париз и е погребан на гробиштата Пер Лашез.

Галерија[уреди | уреди извор]

Почести[уреди | уреди извор]

  • Неговото име е запишано на списокот на 72 имиња на научници запишани на Ајфеловата кула.
  • Повеќе гимназии го носат неговото име (Париз, Кан, Берне...).
  • Број за поставување подморски кабли, пуштен во 1997 година, го носи неговото име.
  • Во 2000 година основна е Френеловиот институт во Марсеј.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cf. „Le château de Broglie, Eure“.  Unknown parameter |site= ignored (помош).
  2. Mémoire adressé à l’Académie des sciences le 15 octobre 1815. Le texte présenté ici a été publié dans les Œuvres complètes d’Augustin Fresnel, publiées par MM. Henri de Senarmont, Emile Verdet et Léonor Fresnel, Paris, Impr. impériale, 1866-1870. sur le site bibnum.education.fr Auteur de l'analyse: Jean-Louis Basdevant
  3. Cf. A.-J. Fresnel, , Шаблон:Vol.1, Paris, Imprimerie impériale, 1868 
  4. 4,0 4,1 Cf. Bernard Maitte, , Paris, Éditions du Seuil, збир. « Points Sciences », 1981 , « Crise et mutation de l'optique : l’œuvre de Fresnel », Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article226-227 
  5. Cf. A.-J. Fresnel, , Шаблон:Vol.1, Paris, Imprimerie impériale, 1868, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article369 
  6. La « tache de Poisson » fit triompher Fresnel
  7. Mémoire sur un nouveau système d’éclairage des phares (suivi du Procès-verbal de l’expérience faite, le 20 août 1822 par la Commission des Phares, sur l’appareil lenticulaire à feux tournants destiné à l’éclairage du phare de Cordouan) ; Imprimerie royale, 1822 (lu à l’Académie des sciences le 29 juillet 1822). sur le site bibnum.education.fr Auteur de l'analyse: Vincent Guigueno

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]