Венингштет-Брадеруп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Венингштет-Брадеруп
Поглед на Венингштет
Поглед на Венингштет
Поглед на Венингштет
Грб на Венингштет-Брадеруп
Венингштет-Брадеруп во рамките на Германија
Венингштет-Брадеруп
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Крај Зилт
Градоначалник Катрин Фифајк
Основни податоци
Површина 6,27 км2
Надм. височина 18 м
Население 1.624 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 259 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25996
Повик. бр. 0 46 51
Портал www.wenningstedt.de
Местоположба на Венингштет-Брадеруп во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати 54°55′N 8°19′E / 54.917° СГШ; 8.317° ИГД / 54.917; 8.317Координати: 54°55′N 8°19′E / 54.917° СГШ; 8.317° ИГД / 54.917; 8.317

Венингштет-Брадеруп (германски: Wenningstedt-Braderup; зелриншки: Woningstair-Brääderep, дански: Venningsted-Brarup) — општина на островот Зилт во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа северно од градот Вестерланд.

Историја[уреди | уреди извор]

Легендата оди дека на неколку стотина метри од денешниот брег постоела стара населба „Вендингштет“ со старофризиски пристаниште на западниот брег. Не е разјаснето дали ова село некогаш постоело или е само легенда.

До почетокот на XIX век, местото било скоро непроменето со векови, состоејќи се од само осум фарми. Жителите живееле од земјоделство и рибарство. Само неколку мажи се занимавале со китоловство во Северноледениот Океан или пловеле за бродовите од Хамбург. Населбата започнала да расте со растечкиот туризам во средината на XIX век. Од 1859 година, Венингштет е приморско одморалиште, а од 1960 година е признаена морска бања. Заедно со Кампен и Брадеруп, Венингштет бил дел од т.н. северни села (Norddörfer) — првична општинска заедница на островот. Терминот настанал кога Лист, најсеверното село на островот, бил дел од Данска. Така, Венингштет, Брадеруп и Кампен биле германски „најсеверни села“. Во 1914 година била изградена протестантска црква на селското езеро. Од 1907 до 1970 година, Венингштет се наоѓал на островската железница, која го поврзувала Вестерланд со Лист.

Во текот на Втората светска војна била воспоставена артилериска единица во дините северозападно од Венингштет. Таму, сепак, немало борби; објектите биле срушени кон крајот на 1940-тите години од Кралските воздухопловни сили сместени на Вестерланд и подоцна целосно уништени и покриени со песок од германските инженери.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Венингштет-Брадеруп се состои од Венингштет на западниот брег на Зилт и Брадеруп, сместен на источниот брег на островот, на самото Ваденско Море.

Поради значително повисокиот број на жители, Венингштет претставува општинско средиште.

Брадеруп немал селско јадро, туку до средината на XIX век било раштркано село со неколку фарми. Дури и денес нема поголеми туристички капацитети или хотели.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Североисточно од селото се наоѓа рамнината на Брадеруп. Веќе во 1920-тите години овој дел бил прогласен за природен резерват и затоа се вбројува помеѓу природните знаменитости на Зилт. Областа директно се граничи со Националниот парк Ваденско Море, каде се нудат калливи прошетки низ блатата.

Долменот Денгход, кој бил изграден во неолитот околу 3000 п.н.е. се наоѓа во северните делови на Венингштет. Неговото име означува место за средба. Направен е од дванаесет камења кои носат камена плоча. Бил откопан во 1868 година и од 1928 година е отворен за јавноста.[2]

Селското езерце во Венингштет

Друга локална знаменитост е селското езерце во Венингштет. Во 1950-тите години било доделено на општината од неговиот поранешен сопственик под услови просторот да биде отворен за јавноста и да го чува како место за рекреација. Статутот наведува дека околните градби треба да имаат сламени покриви со цел одржување на руралниот шарм на селото.

Венингштет се наоѓа на крајот на областа на дини на Црвениот гребен, под кој се наоѓа песочна плажа долж селото, која привлекува многу посетители во лето.

Туризам[уреди | уреди извор]

Венингштет самиот се нарекува „семејна бања“ и со околу милион ноќевања е петти најголем туристички центар во Шлезвиг-Холштајн. Овие ноќевања се поделени на 7.000 кревети, од кои 2.000 се на камперските места, 4.000 во апартмани и остатокот на хотели и мотели.

Венингштет е признаен како бања во Германија, иако старите бањски третмани се скоро истребени поради промените во германското здравствено осигурување. Така, денес помалку од 2% од сите туристи се традиционални бањски гости, кои се лекуваат. Вредноста на Венингштет како здравствено одморалиште е меѓутоа непроменето, Северното Море со неговата клима го подобрува здравјето и имунитетот. Бањата во селото, која нудела третмани со вода, масажи и балнеотерапија, била затворена и уништена.

Туризмот во Венингштет носи профит и од двете околни голф-терени, кои биле изградени во 1980-тите години.

Религија[уреди | уреди извор]

Фризиска капела

Старите Фризи биле пагани, но подоцна биле христијанизирани, но зачувале многу од старите традиции. Првата црква за Венингштет се наоѓала во соседното село Кајтум. Дури во 1914 година била изградена т.н. Фризиска капела во непосредна близина на старото ритуално место. Најблиската римокатоличка црква се наоѓа во Вестерланд.

Во септември 2005 година била воспоставена фондација за одржување на Фризиската капела и куќата на свештеникот.

Будизам[уреди | уреди извор]

Лекарот и писателот Паул Далке го донел будизмот на островот во 1920-ти години. Во 1914 година го изградил „Будистичкиот дом“ во Венингштет, која требало да служи како место за собир и храм за будистите на Зилт. Сепак, се откажал од изградба на веќе планираниот будистички манастир, кој требало да биде прв таков на европска почва. Во 1920 година, на местото на кое требало да се изгради манастирот, бил поставен споменик на Буда кој постепено пропаѓал по неговата смрт и на крајот паднал во почетокот на 1940-тите години. Денес, будизмот не е повеќе влијателен на Зилт.

Архитектура и развој[уреди | уреди извор]

До средината на XIX век, на Венингштет преовладувале фарми во фризиски стил. Селското средиште било составено околу езерцето. Со растот на туризмот биле изградени бројни мало мотели и вили за туристите. Дотогаш не постоела патна мрежа во селото, но поради туристичкиот развој биле планирани нови улици и населби. Бидејќи гостилниците го заобиколиле старото селско јадро, новиот центар постепено се преселувал на исток, кон плажата. Новиот стил повеќе бил во современата приморска архитектура; двокатни градби со високи соби и бели дрвени тремови.

Градежниот бум во 1950-тите и 1960-тите години донел уште една голема промена. Биле изградени едноставно тулни градби, многу чести за гостилници, исто така биле изградени и првите вистински летни резиденции. Од 1980-тите години биле градени ексклузивни апартмани со ретро-фризиски стил.

Нови имиња на улиците[уреди | уреди извор]

Во соработка со општинската заедница Крај Зилт била извршена ревизија на имињата на улиците и броевите на куќите, која стапила на сила од 1 јануари 2006 година. Оваа ревизија станала итна поради огромната градба во изминатите 50 години и тешкотиите за итните служби, поштата и гостите.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Економијата на Венингштет, како и насекаде на Зилт, е високозависна од туризмот. Денес, скоро не постои гранка која не е засегната од туризмот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. „Denghoog (Großsteingrab)“ (германски). Венингштет-Брадеруп. Архивирано од изворникот на 2015-04-18. Посетено на 7 април 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Градовив во Северна Фризија (округ)