Зилт-Ост

Координати: 54°52′N 8°22′E / 54.867° СГШ; 8.367° ИГД / 54.867; 8.367
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зилт-Ост
Место во Зилт
Црква Св. Северин во Кајтум
Црква Св. Северин во Кајтум
Црква Св. Северин во Кајтум
Грб на Зилт-Ост
Зилт-Ост во рамките на Германија
Зилт-Ост
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Град Зилт
Основни податоци
Површина 37,97 км2
Надм. височина 1 м
Население 5.833  (31 декември 2007)
 - Густина 154 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25980
Повик. бр. 04651
Портал www.gemeinde-sylt.de
Местоположба на Зилт-Ост во рамките на округот Северна Фризија
Местоположба на Зилт-Ост во рамките на округот Северна Фризија
Местоположба на Зилт-Ост во рамките на округот Северна Фризија
Координати 54°52′N 8°22′E / 54.867° СГШ; 8.367° ИГД / 54.867; 8.367

Зилт-Ост (германски: Sylt-Ost) — приморско одморалиште на островот Зилт во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Претставувал општина и седиште на општинската заедница Крај Зилт. Меѓутоа, по референдумот во мај 2008 година, Зилт-Ост бил споен со градот Вестерланд и Рантум и ја создале општината Зилт, која била создадена на 1 јануари 2009 година. Од 2009 година, седиштето на општинската заедница Крај Зилт се наоѓа во Вестерланд.[1]

Општински единици[уреди | уреди извор]

Поранешната општина била поделена на пет првично самостојни села: Архзум, Кајтум, Морзум, Мункмарш и Тинум. Зилт-Ост била создадена во 1970 година. Петте села, денес, претставуваат единици на општината Зилт.

Архзум[уреди | уреди извор]

При археолошки истражувања во областа била откриена праисториска населба. Според фолклорот, сите жители на Архзум биле жртви на чумата во 1350 година. Потоа селото било повторно населено од луѓе од Рантум. Во 1634 година биле уништени морските брани кои го штителе селото. Дури во 1938 година, при изградбата на соседното пристаниште во Рантум, Архзум повторно бил целосно заштитен со брани. Од сите села на Зилт, Архзум има највисок процент на жители кои сè уште го говорат зелриншкиот дијалект.

Кајтум[уреди | уреди извор]

Кајтум ја има историската црква Св. Северин, која потекнува од XIII век. Зелениот гребен се наоѓа близу Кајтум. Селото било стопански и општествен центар на островот додека туризмот не започнал да игра средишна важност и Вестерланд, единствениот град на островот, да започне да се шири. Сè уште постојат многу убави фризиски куќи изградени од градските морепловци, особено во деновите на китоловството (1650–1850). Поради бројните алеи и големиот број на стари дрвја, Кајтум денес се смета за „зелено село“.

Морзум[уреди | уреди извор]

Морзум се наоѓа на висорамнина на 1,8 километри долгиот брег на гребенот, кој достигнува височина од 21 метар и ја покажува геолошката историја во последните пет милиони години. Претставува заштитено подрачје од 1893 година.

Доцнороманескната црква Св. Мартин потекнува од исто време како онаа во Кајтум. Била изградена во XIII век од гранитни плочи и камења. Наместо стандардната кула има одвоена дрвена кула за ѕвоното. Во XV и XVI век, ова село било повеќепати погодено од чума. Од 1958 година, Морзум претставува признаено климатско одморалиште.

Мункмарш[уреди | уреди извор]

Мункмарш

Селото Мункмарш било првпат споменато во 1422 година. Во 1859 година било изградено пристаниште кое вклучувало фериботска линија до пристаништето на копното во Хојер (денес во Данска). Кога бил завршен Хинденбурговиот насип во 1920-тите години, селото ја изгубило својата важност. Денес на местото на старото пристаниште се наоѓа марина.

Тинум[уреди | уреди извор]

Тинум е најголема населба во Зилт-Ост и игра важна улога на островот Зилт. Не само поради неговата средишна положба на Зилт, голем број на претпријатија се наоѓаат во селото, кои се основа за туризмот на островот.

Првичното село Тинум, кое било седиште на островскиот управник од 1547 до 1868 година — и повремено на локалниот затвор и суд — било првпат споменат во 1440 година. Домот на управникот од 1649 година е една од најстарите зачувани градби на Зилт.

Близу Тинум постои т.н. Тинумбург (Tinnumburg), прстенест ѕид висок осум метри, со пречник од 120 метри, кој бил изграден околу времето на Христос, како паганско свето место.

Економија[уреди | уреди извор]

Најважниот приход во областа е туризмот, кој денес целосно преовладува на Зилт. Претходно важна дејност било и земјоделството.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Westerland und Sylt-Ost fusionieren“ (германски). Schleswig-Holsteinischer Zeitungsverlag. Архивирано од изворникот на 2012-09-19. Посетено на 2015-04-13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]