Лишаи
Лишаите (латински: Lichenes) се талофитни растенија, чијшто талус претставува симбиоза од компоненти со растително потекло: алга и габа. Како резултат на ваквото сврзување се добива нов организам, кој квалитативно се разликува од сврзаните компоненти, по морфолошки, физиолошки и еколошки својства. Во лишајната симбиоза, габата од алгата зема органски материи - асимилати, а алгата од неа - вода и минерални материи. Алгите кои влегуваат во состав на лишајниот талус се претежно зелени и во помал дел модрозелени, додека габите се аскомицети или базидиомицети.
Видови на лишаен талус
[уреди | уреди извор]Според анатомската градба, се разликуваат два основни видови лишајни талуси: хомеомерни и хетеромерни.
Хомеомерниот вид на талус се смета за постар и попримитивен. Тука двете симбиотни компоненти се рамномерно распоредени. Овие лишаи најчесто се слузести, бидејќи алгата е модрозелена и излачува слузеста материја. Тие имаат облик на темни, лигави, збрчкани кори, кои растат на карпи кои повремено се влажни.
Хетеромерен вид на талус имаат повеќето листовидни и грмушести лишаи. Тука, во талусот, на напречен пресек, разликуваме горна кора, која се состои од густо збиени хифи и алген или гонидијален слој (најчесто едноклеточни топчести зелени алги); срцевина или медула од растресити хифи и долна кора од густо збиени габни хифи.
Талусот на лишаите, во зависност од видот, има темнокафеаво, жолтеникаво, портокалово, сиво (скоро црно) и друг вид на обојување. Бојата на талусот се должи на присуството на секундарни производи во облик на кристали или зрнца, распрскани по површината на хифите (познати и како лишајни киселини).
Видови на лишаи
[уреди | уреди извор]Според морфологијата на талусот, која има голема варијабилност, можат да се издвојат три видови на лишаи:
Размножување на лишаите
[уреди | уреди извор]Лишаите како комплексни организми се размножуваат вегетативно со регенерација, кога од еден откинат дел од лишајот се регенерира целосно талусот, со соредии и со изидии.
Кај лишаите има и полово размножување, при што се формираат плодни тела. Половиот процес и формирањето на плодните тела го условува габата.
Распространетост и значење на лишаите
[уреди | уреди извор]Лишаите се доста распространети на Земјата. Растат на различни подлоги (почва, дрва, карпи, како епифити и слично). Издржливи се на суша и други неповолни еколошки фактори. Меѓутоа, тие не поднесуваат загаден воздух и затоа ретко се среќаваат во околината на индустриските објекти и големите градови. Поради овој факт, лишаите се сметаат за мошне добри индикатори на загадениот воздух.
Лишаите имаат и стопанско значење. Во скандинавските земји, некои од лишаите се користат за исхрана на добитокот и човекот - Cetraria islandica како храна за луѓето, а еленската мов (фам. Чашкести лишаи за елените.
Лишаите долго време се користат како суровина за добивање на природни бои (како лакмусот, неопходен во хемијата). Одреден број од овие бои се користи во парфимеријата, за добивање на разнолични мириси.
Кај повеќе лишаи се откриени антимикобни и антимикробни особини и затоа се користат во медицината за лечење на рани и изгореници.
|