Прејди на содржината

Талофит

Од Википедија — слободната енциклопедија

Поимот талофит доаѓа од поимот талус и подразбира вегетативно тело (растение) на кое не се диференцирани корен, стебло и лист како вегетативни органи на растението. Талофитните растенија (талофити) се на понизок еволутивен степен на организација од кормофитните, виши растенија, и оттаму доаѓа нивното друго име-нижи растенија. Во пораните геолошки периоди тие биле единствените претставници на растителниот свет.

Повеќето од талофитите се задржале во првобитната средина (од каде што всушност и потекнува животот), водата, каде што животните услови се поеднородни во однос на копното. Талофитите меѓусебе многу се разликуваат, како по анатомијата на телото, така и по начинот на размножувањето.

Талофитите по градба на телото можат да бидат едноклеточни, колонијални или многуклеточни. Кај некои многуклеточни организми, талусот може да биде диференциран така што потсетува на кормофитно растение.

Систематска (таксономска) поделба на талофитите

[уреди | уреди извор]