Хелголанд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хелголанд

Helgoland

Воздушен поглед на Хелголанд
Воздушен поглед на Хелголанд
Знаме на Хелголанд
Грб на Хелголанд
Хелголанд се наоѓа во Германија
Хелголанд
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Пинеберг
Градоначалник Јерг Зингер (независен)
Основни податоци
Површина 1,7 км2
Надм. височина 61 м
Население 1.357 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 798 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PI, AG
Пошт. бр. 27498
Повик. бр. 04725
Портал www.helgoland.de
Местоположбата на Хелголанд во рамките на округот Пинеберг
Карта
Координати 54°10′57″ СГШ 7°53′07″ ИГД / 

Хелголанд (германски: Helgoland; хелголандски фризиски deät Lun [„Земјата“]) — мал германски архипелаг во Северното Море.

Поранешни дански и британски поседи, островите се наоѓаат во Хелголандскиот Залив (дел од Германскиот Залив) во југоисточниот дел на Северното Море.

Островската група Хелголанд и Дине припаѓаат на Германија од 1890 година и денес се слободна општина во рамките на округот Пинеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн.

Овие острови се единствените германски острови на отворено море и се наоѓаат на околу три часа пловење од Куксхафен на устието на реката Елба.

Покрај официјалниот германски јазик, локалното население, кои се етнички Фризи, го говорат и хелголандскиот дијалект, дел од севернофризискиот јазик, уште наречен и „халундер“ (Halunder). Хелголанд порано бил наречен Хајлигеланд (Heyligeland) или „света земја“, веројатно поради долгата поврзаност на островот со богот Форсети.

Географија[уреди | уреди извор]

Карта од 1910 година на Хелголанд. Бреговите на островите се измениле откако картата била направена.

Хелголанд се наоѓа на 46 километри од германскиот брег и се состои од два острови: населениот главен остров во вид на триаголник (1 км²) на запад и Дине (Düne, хелголандски: de Halem) на исток. Името Хелголанд најмногу се однесува на првиот остров. Дине е малку помал од првиот остров, околу 0,7 км², со помала височина и опкружен од песочни плажи. Не е постојано населен, но денес таму се наоѓа Хелголандскиот аеродром.

Главниот остров вообичаено е поделен на Унтерланд (Unterland, хелголандски: deät Deelerlun) близу морето (десно на сликата, каде се наоѓа пристаништето), Оберланд (Oberland, хелголандски: deät Boperlun) кое се состои од плато видливо на сликите и Мителанд (Mittelland) помеѓу нив на острово.

На главниот остров се наоѓаат мали плажи во северниот и јужниот дел, а во северниот, западниот и југозападниот дел островот достигнува височина од 50 метри. Во северозападниот дел се наоѓа познатата знаменитост на Хелголанд: Ланге Ана (Lange Anna („Долга Ана“ или „Висока Ана“) е осамена карпа висока 47 метри.

Двата острови биле поврзани до 1720 година, кога природната врска била уништена од силна поплава. Највисоката точка на главниот остров достигнува 61 метар над морето.

Иако културно е поблизок со Северна Фризија во истоимениот германски округ, двата острови се дел од округот Пинеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Главниот остров има развиено пристаниште и често е посетувано од јахти.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Хелголанд е океанска, скоро целосно ослободена од полен и со тоа идеално за луѓе алергични на полен. Бидејќи нема поголемо копно во близина, температурите ретко паѓаат под -5°C дури и во зима. Истовремено, зимните температури можат да бидат повисоки отколку во Хамбург за 10 степени, бидејќи студените ветрови од Русија се ослабени. Додека пролетта вообичаено е ладно, есента во Хелголанд е често подолга и потопла отколку на копното. Најниската температура некогаш измерена на Хелголанд била -11,2°C во февруари 1956 година.

Клима на Хелголанд (1961-1990)
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 3,8 3,3 4,8 7,8 12,3 15,9 17,7 18,4 16,4 13,1 9,0 5,8 10,7
Просечна температура (°C) 2,5 2,1 3,4 6 10,2 13,8 15,8 16,6 14,9 11,7 7,6 4,4 9,1
Просечна минимална (°C) 0,8 0,5 1,9 4,2 8,2 11,9 14,0 14,9 13,1 10,0 5,8 2,6 7,4
Просечно кол. врнежи (мм) 56 33,9 46,1 38,3 43,3 54,8 58,7 65,3 76,0 81,5 95,5 69,2 718,6
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 12 8 10 9 9 9 10 10 11 12 15 13 128
Влага (%) 88 86 86 84 83 83 82 80 79 82 84 86 83,6
Сончеви часови (дневно) 1,5 2,8 3,9 5,9 7,8 7,9 7,2 7,1 4,9 3,2 1,8 1,3 4,6
Извор: Германска временска служба; wetterkontor.de

Геологија[уреди | уреди извор]

Ланге Ана

Островот Хелголанд е геолошка необичност; присутноста на карактеристичните црвени седиментни карпи на главниот остров во средината на Германскиот Залив е необична. Тоа е единствена таква група на карпи долж континенталниот брег на Северното Море. Самата група е постара од белите кредести карпи на островот Дине. Всушност, малите кредести карпи близу Хелголанд, наречени witt Kliff („бели карпи“), се верува дека исчезнале од островот кон почетокот на XVIII век, кога поплавите целосно ги еродирале карпите.

Знаме[уреди | уреди извор]

Моменталното знаме на Хелголанд

Знамето на Хелголанд е многу слично на неговиот грб — тоа е трибојно знаме со три хоризонтални ленти, од горе до долу: зелена, црвена и бела. Секоја од боите има симболично значење, прикажано во неговото мото:

германски долногермански севернофризиски македонски

Grün ist das Land,
rot ist die Kant,
weiß ist der Sand,
das sind die Farben von Helgoland.

Gröön is dat Land,
rood is de Kant,
witt is de Sand,
dat sünd de Farven van't Helgoland.

Grön es det Lunn,
road es de Kant,
witt es de Sunn,
det sen de Farven van't Hillige Lunn.

Зелена е земјата,
црвена е карпата,
1
бела е песокта,
ова се боите на Хелголанд.

1 буквално: „раб“ или „брег“

Постои и алтернативна верзија во која зборо Sand („песок“) е заменет со Strand („плажа“).

Историја[уреди | уреди извор]

Знаме на Британската управа на Хелголанд, 1807–1890
Птичји поглед на Хелголанд околу 1890–1900
Праисториски гроф од Хелголанд, сега во Новиот музеј во Берлин.
Хелголанд околу 1929/1930 година

За Германскиот Залив и областа околу островот се знае дека биле населени од праисторијата. Камени алатки биле откриени на подножјето на морето околу Хелголанд. На Оберланд биле видливи праисториски могили до крајот на XIX век и ископувањата откриле скелети и артефакти. Исто така, праисториски бакарни чинии биле најдени под водата близу острово; овие чинии најверојатно биле направени на Оберланд.[2]

Во 697 година, Радбод, последниот фризиски крал, се повлекол на тогашниот остров по неговиот пораз од Франките — како што е запишано во „Животот на Вилброрд“ од Алкуин. До 1231 година, островот се водел како посед на данскиот крал Валдемар II. Археолошките наоди од XII до XIV век покажуваат обработка на бакарна руда на островот.[3]

Обично се вели дека името Хелголанд означува „Света земја“.[4] Меѓутоа, Енциклопедија Британика ја опишува оваа теорија како „сомнителна“, насочувајќи го потеклото на „Халаглун“ (Hallaglun) или „Халигланд“ (Halligland), односно „земја на брегови, покриен и непокриен“.[5]

Традиционални стопански дејности на островот биле рибарството, ловењето птици и фоки, уништување на бродови и — многу важно за многу прекуморски сили — насочување на прекуморските бродови до пристаништата на Ханзата, како Бремен и Хамбург. Во некои периоди, Хелголанд бил одлична почетна точка за огромни улови на харинги. Поради тоа, до 1714 година, островот повеќе пати бил освојуван од Данска и Војводството Шлезвиг, освен еден период кога бил под контрола на Хамбург. Во август 1714 година бил освоен од Данска и останал дански до 1807 година.

XIX[уреди | уреди извор]

Британска управа на Хелголанд
Britische Verwaltung von Helgoland
Колонија на Британската империја

1807–1890
 

Знаме на Хелголанд

Знаме

Управа колонија
Монарх
 -  1807-1820 Џорџ III прв
 -  1837-1890 Викторија последен
Заменик гувернер/Гувернер[6]
 -  1807-1814 Корбе Џејмс д’Оверњ прв
 -  1888-1890 Артур Сесил Стјуарт Баркли последен
Историски период Наполеонски војни
 -  Килски договор 1807
 -  Договор Хелголанд-Занзибар 1890
Денес во  Германија

На 11 септември 1807 година, во текот на Наполеонските војни, кралскиот носач 1805 ги однел писмата од адмиралот Томас Мекнамара Расел до адмиралитетот на империјата во кои се објавила капитулацијата на Хелголанд на Британците.[7] Хелголанд станал средиште на шверцот и шпионирањето против Наполеон. Данска тогаш службено се откажала од Хелголанд и го предала на Џорџ III со Килскиот договор (14 јануари 1814 година). Илјадници Германци дошле во Британија и се приклучиле на Кралската германска легија преку Хелголанд.

Во 1826 година, Хелголанд станал приморска бања и наскоро станал омилено туристичко одредиште за хановерската богата класа. Островот исто така ги привлекувал уметниците и писателите, особено од Германија и дури од Австрија, кои уживале во слободата на добрата (британска) управа, вклучувајќи ги Хајнрих Хајне и Август Хајнрих Хофман фон Фалерслебен. Станал прибежиште на револуционерите од 1830-тите и Ноемвриската револуција.

Британија ги предала островите на Германија во 1890 година со договорот Хелголанд-Занзибар. Обединетата Германија била загрижена странските поседи кои можеле да имаат влијание на западниот влез на стратешкиот Килски Канал, тогаш уште во изградба, како и на другите поморски објекти во областа, и извршила размена.

Хелголанд има важно место во историјата на проучување на орнитологијата и особено во разбирањето на преселбата на птиците. Книгата „Хелголанд, орнитолошка опсерваторија“ од Хајнрих Гетке, објавена на германски јазик во 1890 година и на англиски јазик во 1895 година, имала сериозно влијание на идните студии на преселбата на птици.

XX век[уреди | уреди извор]

За време на Германското царство, островите станале главна поморска база, а во текот на Првата светска војна цивилите биле евакуирани на копното. Првата поморска битка во војната, Битката во Хелголандскиот Залив, се водела во првиот месец на војната. Островјаните се вратиле во 1918 година, но во текот на нацистите поморската база била возобновена. Концентрацискиот камп Хелголанд, нацистички камп на островот Олдерни, бил именуван по островот.

Вернер Хајзенберг (1901–75) прв пат ја создал равенката за неговата слика на квантната механика додека бил на Хелголанд во 1920-тите. Додека бил ученик на Арнолд Зомерфелд во Минхен во почетокот на 1920-тите, Хајзенберг прв пат се сретнал со данскиот физичар Нилс Бор. Тој и Бор оделе на долги прошетки низ планините и расправале за падот на постоечките теории поради новите експериментални резултати на квантната структура на материјата. По овие расправи, Хајзенберг се впуштил во неколкумесечно интензивно теоретско истражување, но без некој особен успех. На крајот страдајќи од тежок напад на алергија од полен, се повлекол на островот Хелголанд (без дрва и полен) во летото 1925 година. Тука ја поставил основата на квантната теорија.

Во 1937 година започнала изградбата на големиот проект „Хумершере“ со кој се предвидувало проширување на постоечките поморски објекти и враќање на големината на островот во времето од пред 1629 година. Проектот бил главно напуштен по почетокот на Втората светска војна и никогаш не бил завршен.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Областа била средиште на воздушната битка во Хелголандскиот Залив во 1939 година како резултат на британските напади кон германските пловила во областа. Областа често била бомбардирана од британското воздухопловство.

При Втората светска војна, цивилите останале на главниот остров и биле заштитувани од сојузничките напади во карпести склоништа. Во текот на претпоследниот воздушен напад, на 18 април 1945 година, биле користени 969 сојузнички воздухоплови, островот бил евакуиран. Најголем дел од 128. жртви во овој период биле припадници на антивоздушните единици.

Експлозија[уреди | уреди извор]

Од 1945 до 1952 година ненаселените острови Хелголанд биле користени како пробно место за бомби. На 18 април 1947 година, Кралската морнарица детонирала 6.700 тони експлозив („Голема експлозија“ или „Британска експлозија“), создавајќи една од најголемите поединечни ненуклеарни детонации во историјата.[8] Островот бил целосно уништен.[9] Ударот го поместил главниот остров неколку километри од неговата основа, променувајќи го неговиот облик (создавајќи го Мителанд).

мини|Почесна поштенска марка на Германската пошта во чест на враќањето на Хелголанд во 1952 година

На 20 декември 1950 година, двајца студенти и професор од Хајделбершкиот универзитет, Рене Лојдесдорф, Георг фон Хацфелд и Хубертус цу Левенштајн го посетиле островот и подигнале разни германски, европски и локални знамиња на островот.[10] Студентите биле уапсени од британската војска и вратени назад на копното. Настанат започнал движење за враќање на островот на Германија кое добило поддршка од германскиот парламент. На 1 март 1952 година, Хелголанд бил вратен на Германија и на поранешните жители им било дозволено да се вратат.[11] Први Март е официјален празник на островот. Германските власти морале да исчистат огромна количина на недетонирана муниција, да го обноват главниот остров и повторно да ги изградат куќите пред да биде повторно населен.

Денес[уреди | уреди извор]

Хелголандскиот светилник, контролна станица на германската војска

Денес, Хелголанд е приморско одморалиште и ужива статус на бесцаринска зона. Иако е дел од Европската унија, островот е исклучен од даночната област на ЕУ и царинската унија, поради што поголем дел од економијата на островот е заснована на продажба на цигари, алкохолни пијалоци и парфеми на туристите кои го посетуваат островот.

Исто така, постои станица за спасување и барање на германската поморска служба на Хелголанд.

Орнитолошкото наследство на Хелголанд исто така било обновено, а Хелголандската птичја опсерваторија е управувана од Орнитолошкото работно здружение Хелголанд (Ornithologische Arbeitsgemeinschaft Helgoland), која била основана во 1991 година.

Снабдување со струја[уреди | уреди извор]

Пред 2009 година, кога островот бил поврзан со копнената мрежа со морски кабел, електричната енергија на Хелголанд била добивана од локална централа на дизел.

Хелголанд бил дел од проектот GROWIAN, голем проект за ветерни турбини. Во 1990 година била поставена турбина од 1,2 мегавати. Покрај техничките проблеми, турбината не била обезбедена од громови и осигурителните компании не ја покривале штетата. Проектот за ветерна енергија бил сметан како пропаст од локалното население и бил прекинат.[12][13] Морскиот кабел, кој сега е во употреба, е долг 53 километри и е еден од најдолгите кабли за наизменична струја во светот и најдолг од овој вид во Германија.[14] Кабелот завршува на германското копно кај Санкт Петер-Ординг.

Планови за проширување и ветер[уреди | уреди извор]

Плановите за проширување на островите со враќање на земјата се појавиле помеѓу 2008 и 2010 година.[15] Локалната заедница гласала против проектот.[16] [17]

Од 2013 година е направен нов индустриски објект на јужното пристаниште. E.ON, RWE и WindMW планираат да започнат со големи морски ветерни паркови крај Хелголанд.[18][19][20] Местото било исчистено од остатоците од муниција.[21]

Патни ограничувања[уреди | уреди извор]

Хелголандско полициско комбе
Хелголандско амбулантно возило

Постојат неколку возила на Хелголанд. Постои специјален член во германскиот закон за сообраќај (Straßenverkehrsordnung)[22] кој забранува употреба на автомобили и велосипеди на островот. Ниедна друга областа во Германија нема никакви ограничување за општата употреба на возила, иако и на други острови во Северното Море, како Балтрум, е забранета употребата на автомобили и мотори.

Освен локалното амбулантно возило и малите противпожарни камиони, други возила на островот на електричен погон се неколку камиони, главно за пренос на материјали. Тротинетите понекогаш се користат како замена за велосипедите.

Островот го добил првото полициско возило на 17 јануари 2006 година. Дотогаш островските полицајци се движеле пеш или на велосипед (кои им биле дозволени и се изземени од општата забрана).

Познати жители[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во IV тримесечие на 2016 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. https://www.statistik-nord.de/fileadmin/Dokumente/Statistische_Berichte/bevoelkerung/A_I_2_S/A_I_2_vj_164_Zensus_SH.xlsx.  (германски)
  2. Ritsema, Alex (2007). Heligoland, Past and Present. Lulu Press. стр. 21–3. ISBN 978-1-84753-190-2. 
  3. Килски универзитет, Покраински археолошки музеј на Шлезвиг-Холштајн, уред (1986) (на германски). Schleswig-Holstein in 150 archäologischen Funden. Нојминстер: Karl Wachholtz. ISBN 3-529-01829-5. 
  4. Heligoland, Past and Present, p. 39, Alex Ritsema
  5. „Хелголанд“. 1911encyclopedia.org. 10 јуни 2006. http://www.1911encyclopedia.org/Heligoland. посет. 18 април 2013 г. 
  6. http://www.britishempire.co.uk/maproom/heligoland/heligolandadmin.htm
  7. No. 16064. 12 септември 1807. https://www.thegazette.co.uk/London/issue/16064/page/  London Gazette uses unsupported parameters (help)
  8. „Der Tag, an dem Helgoland der Megabombe trotzte“. Der Spiegel. 13 април 2007. http://www.spiegel.de/panorama/zeitgeschichte/0,1518,477076,00.html. посет. 13 април 2007 г. 
  9. The Royal Navy and German naval disarmament, 1942–1947 By Chris Madsen, p. 206, при Гугл книги
  10. Hermann Ehmer (1987) "Hubertus Prinz zu Löwenstein-Wertheim-Freudenberg ". Neue Deutsche Biographie (NDB). 15. Berlin: Duncker & Humblot. стр. 100 et seq.. (цел текст)
  11. 1. März 1952: Helgoland ist wieder deutsch 29 февруари 2012
  12. Helgoland Weil der Wind sich dreht , Tagesspiegel, 15.09.2012 Dagmar Dehmer, на германски јазик
  13. Wind Energy Comes of Age, Paul GipeJohn Wiley & Sons, 14.04.1995, p.108
  14. „Mit der Zukunft Geschichte schreiben“ (на германски). Dithmarscher Kreiszeitung. http://www.kreiszeitung-wesermarsch.de/Home/region/nordenham_Mit-der-Zukunft-Geschichte-schreiben-_arid,159098_regid,1.html. 
  15. http://www.welt.de/die-welt/vermischtes/hamburg/article8068278/Plaene-fuer-Landaufschuettung-auf-Helgoland-vom-Tisch.html
  16. Informationen zum Bürgerentscheid am 26 јуни 2011 (PDF; 95 kB) der Gemeinde Helgoland 14. 6. 2011
  17. Helgoländer stimmen gegen Inselvergrößerung, Frankfurter Allgemeine Zeitung, 27 јуни 2011
  18. „RWE, E.ON und WindMW stellen Pläne für Betriebsbasis auf Helgoland für Offshore-Windkraftwerke vor“. RWE Innogy. 5 август 2011. http://www.rwe.com/web/cms/de/37110/rwe/presse-news/pressemitteilung/?pmid=4006615. 
  19. Anne-Katrin Wehrmann: Eine Insel im Wandel – vom »Fuselfelsen« zum modernen »Helgoland 3.0«. Hansa, Heft 12/2012, Schiffahrts-Verlag Hansa, Hamburg 2012, ISSN 0017-7504 , p. 46–49
  20. Anne-Katrin Wehrmann: Offshore-Branche ist auf Helgoland angekommen. Hansa, Heft 12/2013, Schiffahrts-Verlag Hansa. Hamburg 2013, ISSN 0017-7504 , p. 34/35
  21. Helgoland erfindet sich grundlegend neu. Segler-Zeitung, Heft 6/2013, ISSN 0930-2891 , p. 144/145
  22. § 50 (50)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]