Ланглитјен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ланглитјен (во минатото Ланглитјензанд; германски: Langlütjen, порано Langlütjensand) — име на два ненаселени вештачки остров создадени во XIX век, Ланглитјен I и Ланглитјен II, северно од брегот на округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Островите се управувани од градот Норденхам. Нивната големина е 16.000 и 17.000 квадратни метри, соодветно.

На малите острови има остатоци на утврдувања на пруската морнарица и подоцна на морнарицата на Германското Царство. Нивните функција била за заштита на пристаништата на Бремен и Бремерхафен, но островите никогаш не биле вклучени во активни воени дејства.

Ланглитјен II била продадена на приватен сопственик во јануари 2006 година, додека Ланглитјен I бил продаден во истото време.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 53°33′26″N 8°30′58″E / 53.55722° СГШ; 8.51611° ИГД / 53.55722; 8.51611