Западнофризиски Острови
| Nederlandse waddeneilanden Nederlânske waadeilannen | |
|---|---|
| Географија | |
| Место | Ваденско Море |
| Вкупно острови | 14 |
| Поголеми острови | Тексел, Терсхелинг, Амеланд, Схирмониког, Влиланд[1] |
| Држава | |
| Покраини | Северна Холандија Фризија Гронинген |
| Демографија | |
| Население | 23.872 |
| Етнички групи | Фризи, Холанѓани |

Западнофризиски Острови (холандски: Nederlandse waddeneilanden; западнофризиски: Nederlânske waadeilannen) — островска верига во Северното Море недалеку од брегот на Холандија, по работ на Ваденското Море. Тие продолжуваат на исток како Источнофризиските Острови на Германија и се дел од Фризиските Острови.
Од запад кон исток, островите се: Нордерхакс, Тексел, Влиланд, Рихел, Гринд, Терсхелинг, Амеланд, Риф, Енгелсманплат, Схирмониког, Симонсзанд, Ротмерплат, Ротумерог и Заудердаунтјес.
Географија
[уреди | уреди извор]Веригата претставува остаток од леднички образувани песочни плитаци, кои веројатно биле дел од некогашниот брег на Холандија. Пред повеќе илјади години морето ги пробило и подрачјето било поплавено, создавајќи го денешното Ваденското Море.[2]
Управна поделба
[уреди | уреди извор]Островите Нордерхакс и Тексел се дел од покраината Северна Холандија. Влиланд, Рихел, Гринд, Терсхелинг, Амеланд, Риф, Енгелсманплат и Схирмониког се во состав на покраината Фризија. Помалите острови Симонсзанд, Ротмерплат, Ротумерог и Заудердаунтјес припаѓаат на Гронинген.
Туризам
[уреди | уреди извор]Фризиските Острови денес се познати како одморалишни места. Помеѓу нив сообраќаат редовни траекти и посетителски тури кои почнуваат од копното. Во рамките на секој остров, најпогодно превозно средство е велосипедот. На Виланд и Схирмониког се дозволени само возилата на редовните жители.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Dutch Wadden Sea Islands, Wadden Sea World Heritage. посет. 2 јуни 2014 г
- ↑ https://tammytourguide.wordpress.com/2014/06/13/the-west-frisian-islands-hollands-northern-wilderness/
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Западнофризиски Острови на Ризницата ?- Западнофризиски Острови на Википатување (англиски)
- Холандски северноморски острови (холандски) (германски)
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
53°22′N 5°20′E / 53.367°N 5.333°E
|