Хабел
![]() Хализите Греде (лево) и Хабел (средина) на сателитска снимка | |
Географија | |
---|---|
Координати | 54°38′N 8°46′E / 54.633° СГШ; 8.767° ИГДКоординати: 54°38′N 8°46′E / 54.633° СГШ; 8.767° ИГД |
Архипелаг | Севернофризиски Острови |
Површина | 0,074 км2 |
Должина | 655 м |
Ширина | 100 м |
Управување | |
Покраина | ![]() |
Округ | Северна Фризија |
Општина | Греде |
Демографија | |
Население | ненаселен |
Дополнителни податоци | |
заштитено подрачје |
Халиг Хабел (германски: Hallig Habel; дански: Habel; севернофризиски: Haabel) — најмал халиг во германското Ваденско Море и птичји резерват. Управуван е од општината Греде на соседниот остров. Површината на Хабел изнесува 7,4 хектари[1], со 655 метри во должина и 100 метри во ширина.
На островот постои вештачки подигнат рид наречен Нордерварфт со куќа во која е сместена орнитолошката опсерваторија во текот на летото.[1] Вториот рид на јужниот брег, Зидерварфт бил напуштен во XIX век и подоцна уништен од морето.
Хабел се наоѓа во првата заштитна зона на Националниот парк Ваденско Море. На јавноста не ѝ дозволен пристап до островот.[2] Островот е поседуван од сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн и е под концесија на друштвото Јордзанд, непрофитна организацијата за животна средина со седиште во Аренсбург.[1] Хабел служи како место за одмор и за парење на многу морски птици.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Халиг Хабел“ (германски). Verein Jordsand e. V. Посетено на 21 декември 2011.
- ↑ „Халиг Хабел“. Biosphäre die Halligen (германски). Посетено на 21 декември 2011.
|
![]() | Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |