Фризиски Острови
Фризиските Острови | |
Географија | |
---|---|
Површина | 1.047,49 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 81341 |
Фризиски Острови, наречени и Ваденски или Ваденскоморски Острови (холандски: Waddeneilanden; фризиски: Waadeilannen; германски: Friesische Inseln — архипелаг на источниот крај на Северното Море во северозападна Европа. Се протегаат од северозападот на Холандија низ Германија, па на запад до Данска. Островите претставуваат своевидна заштита за плитаците на Ваденското Море од влијанијата на Северното Море.[1]
Заедно со копненото крајбрежје на Германскиот Залив, Фризиските Острови ја образуваат Фризија - татковината на Фризите. „Фризиски“ се нарекуваат оние острови кајшто се говори фризискиот јазик и кајшто населението е етнички фризиско. За разлика од ова, поимот „Ваденски Острови“ се однесува на целиот архипелаг, вклучувајќи ги оние ваденски острови кајшто се говори данскиот јазик кои се наоѓаат малку понасевер на западниот брег на Јитланд.
Највеќето острови во групата се заштитени како меѓународни резервати на дива природа, под здружено раководство на Холандија, Германија и Данска. Покрај тоа, во подрачјето и понатаму се експлоатираат земниот гас и нафтата. Во близината се наоѓаат и устијата на реките Емс, Везер и Елба, чија поврзаност со морето е од големо стопанско значење, но и еколошка закана за дивиот свет во подрачјето.
Острови
[уреди | уреди извор]Холандски Фризиски Острови
[уреди | уреди извор](од запад кон исток)
Населени
[уреди | уреди извор]Холандските острови имаат вкупна површина од 405,2 км2 и вкупно 23.872 жители.
Ненаселени
[уреди | уреди извор]Германски Ваденски Острови
[уреди | уреди извор](од запад кон исток и од југ кон север)
Населени
[уреди | уреди извор]- Боркум
- Јист
- Нордернај
- Балтрум
- Лангеог
- Шпикерог
- Вангероге
- Нојверк
- Пелворм
- Нордштранд (денес полуостров)
- Халиген (населени делови)
- Амрум
- Фер
- Зилт
Ненаселени
[уреди | уреди извор]- Литхе Херн
- Кахелотплате
- Мемерт
- Минзенер-Олдог
- Мелум
- Гросер Кнехтзанд
- Нигехерн
- Шархерн
- Тришен
- Терциус (често под вода)
- Блауорт
- Зидерогзанд
- Нордерогзанд
- Јапзанд
- ненаселен дел од Халинген (Хабел, Зидфал, Нордерог)
Германските острови имаат вкупна површина од 448,52 км2 и вкупно 53.296 жители.
Не сите гореспоменати острови се сметаат за дел од архипелагот. За едно парче земја да се смета на остров, истото мора да има површина од барем 160 хектари и не смее да биде под вода за време на просечната плима на Северното Море.
Дански Ваденски Острови
[уреди | уреди извор](од југ на север)
Данските острови имаат вкупна површина од 193,8 км2 и вкупно 4.173 жители.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Сателитска снимка на холандските острови
-
Песочни дини на Амрум
-
Заштитеното подрачје „Де Слуфтер“ на Тексел
-
Утврдениот брег на Вангероге
-
Овци на Манде
-
Поглед од светилникот на Боркум
-
Плажа на Јист
-
Плажа на Зилт
-
Воздушен поглед на Балтрум
Поврзано
[уреди | уреди извор]![]() |
Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Фризиски Острови“. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Velde, Bruce; Gleb Nikolaevich Baturin, George V. Chilingar, & Karl H. Wolf (1988). „Control of Barrier Island shape by inlet sediment bypassing: East Frisian Islands, West Germany (Abstract) Fitzgerald, Duncan M., Penland Shea and Nummedal, Dag“. Phosphorites on the Sea Floor. Marine Geology, 60 (1984) 355-376. Elsevier. стр. 365. ISBN 0-444-42400-8, 9780444424006 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Фризиски Острови“ на Ризницата ? |
- Портал на холандските Фризиски Острови (холандски) (германски) (англиски)