Прејди на содржината

Лангеог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лангеог
Грб на Лангеог
Лангеог во рамките на Германија
Лангеог
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругВитмунд
ГрадоначалникХајке Хорн (независен)
Основни податоци
Површина19,67 км2
Надм. височина5 м
Население 1.747 (31 декември 2022)[1]
 - Густина89 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.WTM
Пошт. бр.26465
Повик. бр.04972
Порталwww.langeoog.de
Местоположба на Лангеог во рамките на округот Витмунд
Карта
Карта
Координати53°44′54″N 7°28′47″E / 53.74833°N 7.47972°E / 53.74833; 7.47972

Лангеог (германски: Langeoog; долногермански: Langeoog; буквално означува „долг остров“) — еден од 32. Фризиски Острови и општина во округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Балтрум (запад) и Шпикерог (исток).

Географија

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на островот од Балтрум

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Лангеог припаѓа на Источнофризиските Острови пред брегот на Источна Фризија. Делови од островот и Ваденското Море околу островот влегуваат во рамки на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Соседни острови се, одвоени со морски гат („морски проток“) Оцумер Балје, Хулбалје и Шилбалје, Шпикерог на исток и Балтрум на запад, одвоен од Акумер Ее. Оддалеченоста од најјужниот 'рт на островот до копното е четири километри.

Површина

[уреди | уреди извор]

Лангеог има површина од околу 20 квадратни километри и околу 14 километри долги песочни плажи. Долж плажата има дини со височина до 20 метри. Меѓу Источнофризиските Острови, Лангеог е единствениот кој опстојува без заштитни структури на крајбрежјето.[2]

На островот Лангеог владее морска клима со слаби зими и свежи лета. Просечната годишна температура изнесува 8,8 °C. Просечната месечна температура се движи од 1,1 °C во февруари до 16,4 °C во август. Просечно има околу седум дена со температури над 25-°C. Просечни наврнува 680 мм воден талог, при што август е највлажен месец. Најмалку врнежи има во март.

Заштита на островот

[уреди | уреди извор]

На морската страна на Лангеог се наоѓаат природни дини, кои служат како заштита на островот од силите на Северното Море. Дините се долги над 20 километри, почнувајќи на југозапад кај Флинтхерн и завршуваат на исток на островот кај Остерхок. Не постојат други заштитни градби. Во 2018 година, покраината Долна Саксонија преку својата агенција за управување со водата, крајбрежјето и природата ги зајакнала дините со уште 200.000 кубни метри песок.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1717 година, Лангеог бил поделен на три дела од плимната бура што се случила на Божиќ.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]
Поглед од водокулата во Лангеог

До Лангеог може да се стигне преку пристаништето Бензерзил на копното со редовни фериботи. Фериботите на Лангеог не зависат од плимата, што е необично за Источнофризиските Остров.

Пристаништето и градот се поврзани со железнија, а Лангеог поседува и аеродром.

На Лангеог главно не се дозволени моторни возила. Посетителите на островот мораат да ги остават своите автомобили на копното. Само противпожарната бригада и амбулантните возила се стандардни моторни возила. Тракторите и тешките возила може да се управуваат со ограничувања. Полицајците и докторите се на велосипеди. Некои претпријатија имаат електрични возила. Истовремено, постои запрежно такси на коњи.

Туризмот е главен извор на приходи за стопанството на Лангеог. Постојат соби за изнајмување во скоро секоја градба на островот, како и повеќе хотели, додека младинскиот хостел е неколку километри надвор од градот.

Незагадениот воздух на островот го прави омилен за луѓето што имаат респираторни проблеми.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Водокула
  • Камбанарија на католичката црква
  • Камбанарија на протестантската црква
  • Мелкхерндине (Melkhörndüne), некогаш највисока природна точка во Источна Фризија, која поради илјадниците посетители секоја година загубила дел од песокот и повеќе не е највисока точка.
  • Кула за набљудување

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. . Wiesbaden: VDM Verlag Dr. Müller. стр. 1 ff. ISBN 978-3-8364-7600-3. Занемарен непознатиот параметар |Title= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |Date= (се препорачува |date=) (help); Занемарен непознатиот параметар |Author= (се препорачува |author=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  3. Pressemitteilung des NLWKN vom 30. Mai 2018 (Webseite des NLWKN), abgerufen am 14. Juni 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]