Прејди на содржината

Нојхарлингерзил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нојхарлингерзил
Пристаништето во местото
Пристаништето во местото
Пристаништето во местото
Грб на Нојхарлингерзил
Нојхарлингерзил во рамките на Германија
Нојхарлингерзил
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругВитмунд
Општ. заед.Езенс
Месни единици4
ГрадоначалникЈирген Петерс
Основни податоци
Површина24,55 км2
Надм. височина1 м
Население 1.093 (31 декември 2022)[1]
 - Густина45 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.WTM
Пошт. бр.26427
Повик. бр.04974
Порталwww.neuharlingersiel.de
Местоположба на Нојхарлингерзил во рамките на округот Витмунд
Карта
Карта
Координати53°42′0″N 7°42′0″E / 53.70000°N 7.70000°E / 53.70000; 7.70000

Нојхарлингерзил (германски: Neuharlingersiel; долногермански: Neeharlingersiel) — општина во округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Местото Нојхарлингерзил претставува морска бања од 1979 година, а од 1996 година е прогласено за покраинско здравствено одморалиште. Местата Алтхарлингерзил и Остбензе претставуваат крајбрежни бањски места од 1985 година.[2] Пристаништето во Нојхарлингерзил е пристаниште за источнофризискиот остров Шпикерог.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Општината се наоѓа во областа Харлингерланд во Источна Фризија на брегот на Северното Море. Долж крајбрежјето се протега националниот парк Долносаксонско Ваденско Море, кој од 2009 година претставува светско културно наследство.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Општината Нојхарлингерзил на исток се граничи со Каролинензил, дел од градот Витмунд, на југоисток со општината Вердум, на југ со општината Штедесдорф и на југозапад со градот Езенс. На север се наоѓаат источнофризиските острови Лангеог и Шпикерог.

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Општината Нојхарлингерзил се состои од местата:[3]

  • Алтхарлингерзил
  • Нојхарлингерзил
  • Остбензе
  • Зерим

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Gemeinde Neuharlingersiel: Chronik, abgerufen am 13. April 2014
  3. Neuharlingersiel: Informationen über die Gemeinde Neuharlingersiel, abgerufen am 13. April 2014

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]