Прејди на содржината

Источнофризиски Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Источнофризиски Острови
Ostfriesische Inseln / Eastfryske eilannen
Географија
МестоВаденско Море
Вкупно острови12
Поголеми островиБоркум, Нордернај
Држава
Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкрузиЛер
Аурих
Витмунд
Фризија
Демографија
Етнички групиГерманци, Фризи

Источнофризиски Острови (германски: Ostfriesische Inseln; западнофризиски: Eastfryske eilannen) — островска верига во Северното Море, недалеку од брегот на Источна Фризија во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Веригата се протега во должина од 90 км од запад кон исток, помеѓу устијата на реките Емс и Јаде / Везер, а на оддалеченост од 3,5 до 10 км од брегот. Подрачјата помеѓу копното и островите се прекриени со пространи плитаци (приливни блата), месно наречени „вати“ (Watten), кои се дел од водната површина наречена Ваденско Море. Пред островите се простираат територијалните води на Германија, кои опфаќаат многу поголема површина од самите острови. Самите острови, околните наносни плитаци и територијалните води (кои се природен резерват) се во потесен еколошки заедем однос. Островската група зафаќа околу 5 % од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море на Саксонија.

Најголем остров во групата е Боркум, сместен на западниот крај на веригата. Истата има уште шест населени острови, од запад кон исток: Јист, Нордернај (со најголемото населено место во групата), Балтрум, Лангеог, Шпикерог и Вангероге. Има уште четири помали ненаселение острови: Литје Херн источно од Боркум, Мемерт и Кахелотплате (југозападно од Јист), Минзенер Ог (прокопан остров југоисточно од Вангероге) и Мелум на источниот крај на веригата, кој според Сојузната служба за заштита на природата денес е вон групата, и му припаѓа на крајбрежното калиште наречено Триаголник Елба-Везер (Watten im Elbe-Weser-Dreieck).

Острови и плитаци

[уреди | уреди извор]
Низ на Источнофризиските Острови близу брегот на Долна Саксонија

Ова е табела на островите и плитаците (Sandplaten) во состав на Источнофризиските Острови со основни информации за секој од нив. Ненаселените и управно неопфатените (вонопштински) плитаци се истакнати со жолто.

Грб Остров Општина Округ Површина
км2 (2004/05)[1][2]
Оддалеченост
од копното (км)[1]
Население
(2008)
Густина
(на км2)
Грб на БоркумБоркумгратчето БоркумЛер30,74[2]10,55.186169
Кахелотплатевонопштински
нема податоци
ненаселен−
Литје Херностровот Литје Херн¹Лер0,1[1]12,5ненаселен−
Мемертостровот Мемерт¹Аурих4,3[1]13ненаселен−
Грб на ЈистЈистЈистАурих16,43[2]81.696103
Грб на НордернајНордернајгратчето НордернајАурих26,29[2]35.810221
БалтрумБалтрумБалтрумАурих6,5[2]4,548875
Грб на ЛангеогЛангеогЛангеогВитмунд19,67[2]51.95399
Грб на ШпикерогШпикерогШпикерогВитмунд18,25[2]6,578143
Грб на ВангерогеВангерогеВангерогеФризија7,94[2]6,5923116
Минзенер Ог
вештачки прокопан
Бутјадинген²Везермарш2,2[1]3,5ненаселен−
Мелум³Бутјадинген²Везермарш4,9[1]6ненаселен−
134,35[2]—16.837129
¹ вонопштински
² поранешната општина Лангварден, која во 1974 г. влегла во соста на Бутјадинген (денес катастарското подрачје Лангварден)
³ источно од надворешна Јаде со измената на границите од Сојузната служба за заштита на природата, повеќе не се смета за дел од Источнофризиските Острови, туку во состав на плитарите на Триаголникот Елба-Везер.[3]

Нордернај е преостанатиот дел од некогашниот остров Бујзе, кој речиси целосно исчезнал под морето во XVII век. Литје Херн источно од Боркум е во постојана опасност од одмивање. Во 2003 г. Крајбрежната одбрана на Германија издала соопштение дека Кахелотплате може повторно да се смета за остров бидејќи повеќе не е изложен на редовно поплавување од плиматата. Сепак, островот зафаќа површина не поголема од 2 км2 и останува ненаселен. Кахелотплате се наоѓа северно од устието на реката Емс.

Моторниот сообраќај е забранет на највеќето острови. Исклучок од ова се Боркум и Нордернај, кои се најнаселените. Ниеден остров од групата нема мост до копното, туку само со траект.

Островите и околните морски површини се дел од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 5 6 Rolf Niedringhaus; Volker Haeseler; Peter Janiesch (2008), Die Flora und Fauna der East Frisian Islands – Einführung in das Projekt „Biodiversität im Nationalpark Niedersächsisches Wattenmeer“, 11, Schriftenreihe Nationalpark Niedersächsisches Wattenmeer
  2. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 „NLS-Online Tabelle Z0010001 Bodenfläche nach Art der geplanten Nutzung“. Landesbetrieb für Statistik und Kommunikationstechnologie Niedersachsen (LSKN). 2005-01-01. Посетено на 2009-04-23.
  3. ↑ „Watten im Elbe-Weser-Dreieck, Jadebusen“. Bundesamt für Naturschutz. Посетено на 2009-12-02.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

53°44′N 7°25′E / 53.733°N 7.417°E / 53.733; 7.417