Витмунд (округ)
| Витмунд Landkreis Wittmund | ||
|---|---|---|
| округ | ||
| ||
| Земја | ||
| Покраина | Долна Саксонија | |
| Седиште | Витмунд | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 656,65 км2 (25,353 ми2) | |
| Население (31 декември 2022)[1] | ||
| • Вкупно | 58.359 | |
| • Густина | 0,89/км2 (2,3/ми2) | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Рег. таб. | WTM | |
| Мреж. место | landkreis.wittmund.de/ | |
Витмунд (германски: Wittmund) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град.
Округот се наоѓа во Источна Фризија, на брегот на Северното Море. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Фризија, Лер и Аурих.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот содржи дел од Ваденското Море, кое е дел од националниот парк Долносаксонско Ваденско Море. Крајбрежјето на копното е познато како Харлингер Ланд. Островите Лангеог и Шпикерог, обата припаѓаат на Источнофризиските Острови, се дел од овој округ.
Историја
[уреди | уреди извор]Округот бил создаден од Кралството Прусија во 1885 година од Амт Витмунд, Амт Езенс и градот Езенс. Сите претходно биле дел од округот Аурих. Во 1977 година, округот бил споен со округот Фризија; меѓутоа, спојувањето било прогласено за неуставно во 1979 година поради нарушување на правата на поранешната Држава Олденбург на која Фризија припаѓал и поради тоа двата округа биле повторно основани во старите граници.
Грб
[уреди | уреди извор]Бродот на грбот го претставува крајбрежјето на округот. Трите едра ги покажуваат хералдичките симболи за округот - предниот ја покажува мечката како симбол на семејството Атена од Езенс, кои владееле во XIV и XV век. Главното едро покжува две копја за турнири како симбол на херојот Омкен, преземени од грбот на градот Витмунд. Орелот на задното едро е за замокот и Амт Фридебург.
Градови и општини
[уреди | уреди извор]
| Градови | Слободни општини | Општински заедници | |
|---|---|---|---|
|
| ||
| 1седиште на општинската заедница; 2град | |||
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Витмунд (округ)“ на Ризницата ? |
- Матична страница
(германски)
| ||||||||
|
