Севернофризиски Гребенски Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Севернофризиски Гребенски Острови
Географија
МестоСеверно Море
АрипелагСевернофризиски Острови
Вкупно острови3
Поголеми островиЗидерогзанд, Нордерогзанд, Јапзанд
Управување
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
ОкругСеверна Фризија
Демографија
Населениененаселени


Севернофризиски Гребенски Острови — збирен поим за три суви спрудови западно од германските хализи во архипелагот Севернофризиски Острови. Спрудовите дејствуваат како природен насип за хализите и другите острови источно од нив. Тие се ненаселени и се едни од неколкуте области во Ваденското Море кои се недопрени од човекот.

Спрудови[уреди | уреди извор]

Спрудовите од север на југ се следниве:

Бр. Спруд Областа
(км²)
1 Јапзанд 3
2 Нордерогзанд 10
3 Зидерогзанд 15
  Севернофризиски Гребенски Острови 28

Спрудовите се предмет на постојана промена и тие бавно се движат кон копното на исток. Ова ја менува нивната местоположба и нивната површина. Во текот на последните 50 години, сите три спрудови ја зголемиле нивната површина, но нивниот индивидуален развој бил различен. Вкупно, 43,5 милиони метри кубни песок биле однесени од ветрот и водата на западните брегови на спрудовите, додека 32,4 милиони метри кубни биле донесени на источните брегови. Особено Јапзанд, кој е намлад и најмал спруд, најмногу придобил и најбрзо се движел. Бројни симулации од Килскиот универзитет покажале дека е можно спојување на Јапзанд и Нордерогзанд до 2050 година. Ова може да го покрие и халигот Нордерог со песок, како и големи области на калливите рамнини кои се источно од бреговите денес.[1]

Највисоките точки на спрудовите достигнуваат околу еден метар над просечната висока плима. На лето, сувиот песок понекогаш се насобира на дини со височина од неколку метри. На нив понекогаш расте трева. Сепак, од 1999 година, на северниот дел на Нордерогзанд се забележува постабилна и поразлична вегетација. Вегетацијата помага да се собира уште повеќе песок и така дината на Нордерогзанд достигнала височина од 3,5 метри во 2013 година. Поради овој развој, Нордерогзанд бил наречен нов остров.[2][3]

Сите три спрудови се природни резервати и создаваат важна област за птиците-преселници и фоките.[2] Заедно со протоците Хогер Лох (Hooger Loch) и Румелох-Вест (Rummelloch-West), како и хализите Нордерог и Зидерог, спрудовите се омилено одредиште за фоките и создаваат една од главните области за митарење на патките.[1]

Спрудовите се важен дел од Националниот парк Ваденско Море и им е забранет пристап, освен на северните делови на Јапзанд. Во 1985 година бил поставен мал светилник на Зидерогзанд на дрвена платформа. Направата е напојувана со соларна енергија и има засолниште во случај на бродолом.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Hofstede, Jacobus L. A. (1998). „Die nordfriesischen Außensände“. Umweltbundesamt und Nationalparkverwaltungen Niedersächsisches Wattenmeer/Schleswig-Holsteinisches Wattenmeer. Umweltatlas Wattenmeer. 1, Nordfriesisches und Dithmarscher Wattenmeer. Штутгарт: Eugen Ulmer. стр. 36. ISBN 3800134918. 
  2. 2,0 2,1 Рунге, Волфганг. „Die neue Insel Norderoogsand ist für Menschen tabu“, „Die Welt“, 30 јуни 2013 (посет. 30 јуни 2013 г). (на германски)
  3. Бојановски, Аксел. „Nordsee: Neue Vogelinsel erhebt sich im Wattenmeer“, „Der Spiegel“, 3 јануари 2013 (посет. 30 јуни 2013 г). (на германски)

Координати: 54°30′N 8°29′E / 54.500° СГШ; 8.483° ИГД / 54.500; 8.483