Литје Херн

Координати: 53°35′24″N 6°52′01″E / 53.59000° СГШ; 6.86694° ИГД / 53.59000; 6.86694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Литје Херн
Lütje Hörn
Литје Херн во 2010 г.
Географија
МестоСеверно Море
Координати53°35′24″N 6°52′01″E / 53.59000° СГШ; 6.86694° ИГД / 53.59000; 6.86694
АрхипелагИсточнофризиски Острови
Површина0,065 км2
Управување
Демографија
Население0


Литје Херн (германски: Lütje Hörn) — мал ненаселен источнофризиски остров и слободна област во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Островот се наоѓа во близина на северниот брег на Германија, со површина од 0,065 км2. Се наоѓа околу 3-4 километри југоисточно од островот Боркум.

Историја[уреди | уреди извор]

Првпат бил споменат во 1576 година како Хоге Херн (Hooghe Hörn) во водич за пловење. Од 1859 година, островот бил прикажуван на топографските карти на калливите површини (Watt) југоисточно од Боркум.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]