Мерксхаузен (слободна област)
Изглед
Мерксхаузен (германски: Merxhausen) — слободна област во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од општинската единица Мерксхаузен во општината Хајнаде. Областа целосно се наоѓа на ридовите Золинг.
Има површина од 22,50 км2[1] и се граничи со општините Архолцен и Дензен на север, со општината Хајнаде на север и на исток, со градот Холцминден на југ и со слободната област Холцминден на запад во истиот округ.
Слободната област е ненаселена. Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 2 55 506.[1]