Гриненплан (слободна област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположбата на областа во округот Холцминден

Гриненплан (германски: Grünenplan) — слободна област во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од општинската единица Гриненплан на општината Делигзен. Областа целосно се наоѓа на ридовите Хилс.

Има површина од 22,71 км2[1] и се граничи со општината Делигзен на исток, со слободната област Венцен на југ и со слободната област Ајмен во истиот округ. Покрај нив, на север се граничи со општините Дуинген и Копенграфе и градот Алфелд во округот Хилдесхајм. Областа поседува и две ексклави, обиколени од општината Делигзен.

Слободната област е ненаселена. Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 2 55 504.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]