Ешерсхаузен (слободна област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположбата на областа во округот Холцминден

Ешерсхаузен (германски: Eschershausen) — слободна област во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од соседниот град Ешерсхаузен. Областа целосно се наоѓа на ридовите Золинг.

Има површина од 4,92 км2[1] и се граничи со слободната област Гриненплан на исток, со слободната област Ајмен и градот Ешерсхаузен на југ и со општината Холцен на запад во истиот округ. Покрај нив, на север дели мала граница со општината Дуинген во округот Хилдесхајм.

Слободната област е ненаселена. Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 2 55 503.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]