Золинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Золинг
Езерото Нојер Тајх во Золинг
Највисока точка
ВрвГросе Блесе
Надм. височина527,8 м
Координати51°46′50″N 9°35′32″E / 51.78056° СГШ; 9.59222° ИГД / 51.78056; 9.59222
Географија
Solling in NOM.svg
Местоположба на Золинг во округот Нортхајм
ЗемјиГерманија
Сој. држава/ПокраинаДолна Саксонија
Координати51°44′ СГШ; 9°36′ ИГД / 51.73° СГШ; 9.6° ИГД / 51.73; 9.6Координати: 51°44′ СГШ; 9°36′ ИГД / 51.73° СГШ; 9.6° ИГД / 51.73; 9.6
Долносаксонски ридови

Золинг (германски: Solling) — низа ридови високи до 530 метри во Везерското Средногорје во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, чии крајни јужни ридови се протегаат и во покраините Хесен и Северна Рајна-Вестфалија.

Во рамките на Долна Саксонија претставуваат втори најголеми ридови и трети највисоки зад Харц (Вурмберг; 971 м) и Кауфуншката Шума (Хаферберг; 581 м).

Низ шумите на Золинг главно се сретнуваат смрча и бука. Дабот исто така расте во некои делови. Золинг е дом на бројни животни и птици, како обичен елен и обична ѕвингалка.

Заедно со помалиот и понискиот масив Фоглер и малиот Бургберг на север, Золинг е дел од Природниот парк Золинг-Фоглер.

Ридови[уреди | уреди извор]

Главни ридови во Золинг се следниве:

  • Гросе Блесе (527,8 м)
  • Гросер Аренсберг (524,9 м)
  • Мосберг (513 м) – со кулата за набљудување „Хохзолинг“
  • Фогелхерд (околу 505 м)
  • Драјберг (493,5 м)
  • Гросер Штајнберг (493 м) – со кулата за набљудување „Харцблик“
  • Тинекенборнстранг (490,1 м)
  • Лангенберг (484,6 м)
  • Беренкопф (473 м)
  • Волфстранг (468,7 м) – со Гаусштајн
  • Шененберг (457,1 м)
  • Хаселберг (наречен и Шродхалбе; 452,5 м) – со телевизиски предавател
  • Ханенбрајте (452 м)
  • Алте Шмахт (447,5 м) – со телекомуникациска кула
  • Ајзернштиг (446,3 м)
  • Штрутберг (444 м) – со кулата за набљудување „Золингтурм“
  • Гросер Лауенберг (442,6 м)
  • Вилденкил (околу 441 м)
  • Ауерханкопф (околу 440 м)
  • Хенгштрикен (424 м)
  • Бухолц (421,7 м)
  • Зоненкепфе (414,6 м; западен врв)
  • Зоненкепфе (407 м; источен врв)
  • Јунге Шмахт (388 м)
  • Плате (379,7 м)
  • Зомерберг (364,5 м)
  • Калберг (224,7 м)

Села и градови во Золинг[уреди | уреди извор]

Села и градови во Золинг се:

  • Миленберг
  • Нојхаус
  • Ниновер
  • Шисхаус
  • Зиферсхаузен
  • Зилберборн
  • Шенхаген
  • Шорборн
  • Золинген
  • Услар
  • Фале
  • Вамбек

Литература[уреди | уреди извор]

  • Johannes Krabbe: Karte des Sollings von 1603, herausgegeben und eingeleitet von Hans-Martin Arnoldt, Kirstin Casemir und Uwe Ohanski, Verlag Hahnsche Buchhandlung Hannover 2004.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]