Хардегзен
| Хардегзен | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Нортхајм |
| Градоначалник | Михаел Кајзер (самостоен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 83,87 км2 |
| Надм. височина | 191 м |
| Население | 7.715 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 92 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | NOM, EIN, GAN |
| Пошт. бр. | 37181 |
| Повик. бр. | 05505 |
| Портал | www.hardegsen.de |
| Местоположба на градот Хардегзен во рамките на округот Нортхајм | |
| Координати | 51°39′8″N 9°49′46″E / 51.65222°N 9.82944°E |
Хардегзен (германски: Hardegsen) — мал град во округот Нортхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на околу 15 километри југозападно од градот Нортхајм и 15 километри северозападно од градот Гетинген.
Градот Хардегзен го има прекарот „Портата кон Золинг“. Познат е по куќите изградени во фахверк и замокот Хардег.
Географија
[уреди | уреди извор]Хардегзен се наоѓа на западниот брег на Лајне и источно од Золинг. Низ градот тече Есполде и потоко Шетелбах, кој се влева во Есполде.
Градски единици
[уреди | уреди извор]
|
|
Замок Хардег
[уреди | уреди извор]Замокот Хардег е средновековен замок во градот Хардегзен. Бил основан во XII век како резиденција на Велфската династија. Во 1320 година, камениот замок бил повторно изграден од Конрад и Лудвиг фон Росдорф. Кон крајот на XIV век, замокот припаднал на Ото фон Брауншвајг цу Гетинген. Од 1568 до 1823 година бил седиште на локалниот суд. Кон крајот на XVIII век, замокот Хардег бил претворен во фарма. Во 1972 година припаднал на општината.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Хардегзен е поврзан железнички со градот Нортхајм и јужниот дел на Природниот парк Золинг-Фоглер.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Хардегзен на Ризницата ?- Официјална страница[мртва врска] (германски)
| ||||||||
|


