Моринген
| Моринген | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Нортхајм |
| Градски единици | 9 |
| Градоначалник | Хајке Милер-Оте (самостоен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 82,25 км2 |
| Надм. височина | 137 - 457 м |
| Население | 6.988 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 85 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | NOM |
| Пошт. бр. | 37186 |
| Повик. бр. | 05554 |
| Портал | www.moringen.de |
| Местоположба на градот Моринген во рамките на округот Нортхајм | |
| Координати | 51°42′N 9°52′E / 51.700°N 9.867°E |
Моринген (германски: Moringen) — мал град во округот Нортхајм, во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Градот се состои од самото средиште Моринген и осум околни села.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Моринген се наоѓа во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, сместен во горниот тек на реката Море, која претставува западна притока на Лајне.
Градски единици
[уреди | уреди извор]
|
|
|
Историја
[уреди | уреди извор]Градот и околните села биле основани пред околу илјада години.
Кон крајот на XIX век, во градот била изградена психијатриска болница. Во текот на Втората светска војна, болницата била испразнета и била користена како концентрациски камп „Моринген“. Денес, повторно работи како психијатриска установа.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Меѓу поголемите претпријатија кои работат во околината е „Пилер“, произведувач на индустриски перки. Главната депонија за округот Нортхајм се наоѓа во Моринген.
Музеј
[уреди | уреди извор]- Спомен-дом за кампот
Литература
[уреди | уреди извор]- The Women's Camp in Moringen: A Memoir of Imprisonment in Nazi Germany 1936-1937
by Gabriele Herz (Author), Jane Caplan (Editor), Hildegard Herz (Translator), Howard Hartig (Translator). Berghahn Books (15 Nov 2005). ISBN 1-84545-077-9; ISBN 978-1-84545-077-9.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Моринген на Ризницата ?- Официјална страница (германски)
- Страница за концентрацискиот камп
| ||||||||
|


