Боденфелде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Боденфелде
Поглед од југ на Боденфелде со црквата и пристаништето
Поглед од југ на Боденфелде со црквата и пристаништето
Грб на Боденфелде
Боденфелде is located in Германија
Боденфелде
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Нортхајм
Месни единици 3
Градоначалник Мирко фон Пјетровски (независен)
Основни податоци
Површина 20 км2
Надм. височина 118 м
Население 3.111 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 156 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NOM
Пошт. бр. 37194
Повик. бр. 05572
Портал www.bodenfelde.de
Местоположба на Боденфелде во рамките на округот Нортхајм
Карта
Координати 51°37′N 9°34′E / 51.617° СГШ; 9.567° ИГД / 51.617; 9.567Координати: 51°37′N 9°34′E / 51.617° СГШ; 9.567° ИГД / 51.617; 9.567

Боденфелде (германски: Bodenfelde) — општина во округот Нортхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на десниот брег на реката Везер, околу 35 километри северно од Касел и 30 километри северозападно од Гетинген на југозападниот раб на Природниот парк Золинг-Фоглер.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. Во општината покрај Боденфелде влегуваат и уште две други места.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Местото Боденфелде се наоѓа на јужниот дел од Природниот парк Золинг-Фоглер во горниот тек на Везер. Се наоѓа помеѓу планинските области Золинг на север и Рајнхардсвалд на југ. Боденфелде се наоѓа на една меандра на Везер, во која се влива Рајербах.

Местото е сместено помѓу 105 и 145 метри надморска височина, во близина на шумското подрачје Везерско Средногорје. Највисока точка близу Боденфелде е Калтеварте (340,7 м). Со својата површина од скоро 20 км² претставува најмала општина во округот Нортхајм.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Боденфелде се состои од следниве единици:

  • Боденфелде
  • Ниновер
  • Вамбек

Историја[уреди | уреди извор]

Боденфелде бил прв пат споменат во документ потпишан од Лудвиг I Побожен во 833 година. Во доцниот среден век, Боденфелде бил дел од Грофството Дасел. Амелит, Ниновер, Полир и Вамбек биле села околу Боденфелде кои биле припоени кон општината во 1974 година.

Постоела еврејска заедница во Боденфелде, која била протерана во нацистичко време. Продадена на земјоделец во 1937 година, дрвената синагога од 1825 година ја преживеала Кристалната ноќ, кога сопственикот ја одбранил од вандали. На почетокот на XXI век, синагогата била пренесена во блискиот Гетинген, кој имал еврејска заедница со потреба од синагога.

Во 2008 година бил фатен убиецот со прекар „Црна вдовица“. Во период од две децении, заведувала и убивала или убила најмалку четворица постари мажи за нивните пари.[2]

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]