Нертен-Харденберг

Координати: 51°37′N 9°56′E / 51.617° СГШ; 9.933° ИГД / 51.617; 9.933
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нертен-Харденберг
Католичката црква „Св. Мартин“ во Нертен
Католичката црква „Св. Мартин“ во Нертен
Католичката црква „Св. Мартин“ во Нертен
Грб на Нертен-Харденберг
Нертен-Харденберг во рамките на Германија
Нертен-Харденберг
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Нортхајм
Месни единици 8
Градоначалник Астрид Клинкерт-Кител (независен)
Основни податоци
Површина 54,08 км2
Надм. височина 159 м
Население 8.435 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 156 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NOM
Пошт. бр. 37176
Повик. бр. 05503
Портал www.noerten-hardenberg.de
Местоположба на Нертен-Харденберг во рамките на округот Нортхајм
Карта
Карта
Координати 51°37′N 9°56′E / 51.617° СГШ; 9.933° ИГД / 51.617; 9.933

Нертен-Харденберг (германски: Nörten-Hardenberg) — општина во округот Нортхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. Во општината покрај Нертен-Харденберг влегуваат и уште седум други места.

Географија[уреди | уреди извор]

Нертен-Харденберг се наоѓа на западните делови на Нертенската Шума во долината на реката Лајне во насока север-југ и на југ се граничи со Бовенден, а на север со Нортхајм; Гетинген се наоѓа 10 километри јужно. Околу 20 километри северозападно се наоѓа Золинг, а околу 30 километри североисточно започнува Харц.

Во Нертен-Харденберг, односно во нејзините делови, се влеваат следниве реки во Лајне: Харсте (кај Парензен), Венде (кај Ангерштајн), Есполде (кај Литгенроде), како и Бефер и Родебах (кај Нертен-Харденберг).

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Соседни општини се Бовенден (југ), Хардегзен (запад), Нортхајм (север) и Катленбург-Линдау (исток).

Општински единици[уреди | уреди извор]

Кон Нертен-Харденберг припаѓаат следниве места:

  • Ангерштајн (јужно)
  • Бисхаузен (источно)
  • Елфезе (северозападно)
  • Литгенроде (западно)
  • Нертен-Харденберг
  • Парензен (југозападно)
  • Зудерсхаузен (источно)
  • Волбрехтсхаузен (западно)

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Урнатините на замокот Харденберг
  • Манастир Мариенштајн со средновековна крипта
  • Католичката парохиска црква „Св. Мартин“
  • Евангелистичката црква
  • Еврејски гробишта

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]