Бовенден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бовенден
Замок во Бовенден
Замок во Бовенден
Грб на Бовенден
Бовенден is located in Германија
Бовенден
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гетинген
Градоначалник Хајдрун Бекер (СДП)
Основни податоци
Површина 63,59 км2
Надм. височина 139 м
Население 13.568 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 213 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.
Пошт. бр. 37120
Повик. бр. 0551, 05593, 05594
Портал www.bovenden.de
Местоположба на Бовенден во рамките на округот Гетинген
Карта
Координати 51°35′23″N 9°55′20″E / 51.58972° СГШ; 9.92222° ИГД / 51.58972; 9.92222Координати: 51°35′23″N 9°55′20″E / 51.58972° СГШ; 9.92222° ИГД / 51.58972; 9.92222

Бовенден (германски: Bovenden; службено наречен Флекен Бовенден) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Голем дел од областа на денешната општина се наоѓа на поранешното Грофство Плесе.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. Исто така, „флекен“ е застапени и во службеното име на местото. Во општината покрај Бовенден влегуваат и уште седум други места.

Географија[уреди | уреди извор]

Бовенден се наоѓа на реката Лајне, околу 6 километри северно од Гетинген и на север се граничи со Гетингенската шума. Главно село и општинско седиште е Бовенден, сместено на Лит, мала река која се влива во Лајне. На рид источно од селото Едигехаузен се наоѓаат остатоците од замокот Плесе.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината е составена од следниве места:

  • Билингсхаузен
  • Бовенден
  • Едигехаузен
  • Еменхаузен
  • Харсте
  • Ленглерн
  • Рајерсхаузен
  • Шпанбек

Покрај постоечките села, постоеле и овие села кои исчезнале за време на средниот век:[2]

  • Родерсхаузен или Родерсхузен (2 км северозападно од Бовенден)[3]
  • Аспе или Аспа (1 км североисточно од Шпанбек)[4]
  • Ботлевесхузен (200 метри западно од Маријашпринг)[5]
  • Бакенхузен (1,2 км источно од Рајерсхаузен)[6]
  • Штурмбеке или Штумбеке (900 метри западно од Рајерсхаузен)[7]

Развој на населението[уреди | уреди извор]

Населението на главното село Бовенден се зголемува од втората половина на XX век:[8]

  • 1871 - 1.572
  • 1925 - 1.537
  • 1939 - 1.531
  • 1950 - 2.460
  • 1955 - 2.409
  • 1961 - 2.872

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2016“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2015.  (германски)
  2. Martin Last, Bovenden, der Flecken mit Tradition und Fortschritt. Verlag Erich Goltze, Göttingen, 1985. S. 11. ISBN 3-88452-811-4
  3. Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 3: O-Z, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1995. S. 203-208, ISBN 3-89534-133-9
  4. Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 1: A-E, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1994. S. 82-94, ISBN 3-89534-131-2
  5. Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 1: A-E, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1994. S. 292-295, ISBN 3-89534-131-2
  6. Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 1: A-E, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1994. S. 101-107, ISBN 3-89534-131-2
  7. Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 3: O-Z, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1995. S. 293-298, ISBN 3-89534-133-9
  8. Uta Klaer (1965). Der Flecken Bovenden im Stadtumland von Göttingen. Vororturbanisierung bei Zentralitätsschwund eines alten Exklavemittelpunktes. стр. 142. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]