Вулфтен на Харц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вулфтен на Харц
Црквата во Вулфтен
Црквата во Вулфтен
Грб на Вулфтен на Харц
Вулфтен на Харц се наоѓа во Германија
Вулфтен на Харц
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Остероде
Општ. заед. Хаторф на Харц
Градоначалник Хенинг Крузе (SPD)
Основни податоци
Површина 14,81 км2
Надм. височина 157 м
Население 1.842 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 124 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHA
Пошт. бр. 37199
Повик. бр. 05556
Портал www.hattorf-am-harz.de
Местоположбата на Вулфтен на Харц во рамките на округот Остероде
Карта
Координати 51°39′46″ СГШ 10°10′36″ ИГД / 

Вулфтен на Харц (германски: Wulften am Harz) — општина во округот Остероде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Вулфтен се наоѓа во близина на градовите Нортхајм и Остероде.

Географија[уреди | уреди извор]

Вулфтен на Харц се наоѓа на југозападните падини на планинскиот масив Харц и на северозападниот дел од ридовите Ротенберг. Реката Одра тече низ селото. Најблиски градови се Остероде (12 км), Херцберг на Харц (15 км) и Гетинген (30 км).

Историја[уреди | уреди извор]

  • Вулфтен на Харц бил спомнат по прв пат во 889 година: источнофранкискиот крал Арнулф му ги подарил селата Калефелд и Вулфтен на грофот Адалгар.
  • Во 1502 година била основана црквата „Св. Егидин“ од благородниците Харденберг.
  • Во 1567 година влегло во состав на кнежевството Грубенхаген. Вулфтен по Реформацијата е главно лутерански (во 2004 г., 78,5%).
  • Во 1626 година, Јохан Церклас фон Тили, водејќи кон битката кај Лутер на Баренберге ја поминал реката Одра кај Вулфтен. Бил неколку пати опљачкан во текот на Триесетгодишната војна.
  • Во Седумгодишната војна во периодот 1756-63 била оштетена црквата „Св. Егидин“.
  • Во периодот 1807-1813 Вулфтен припаѓал на Кралството Вестфалија; во периодот 1815-1866 на Кралството Хановер; во периодот 1866-1946 на пруската Покраина Хановер и од 1946 година на сојузната покраина Долна Саксонија.
  • На 1 декември 1868 година, Вулфтен добил железница со линијата Нортхајм-Херцберг на Харц. Линијата Вулфтен-Дудерштат била отворена на 31 октомври 1889 година.
  • Во 1933 година дошле нацистите во Вулфтен: на 7 јули 1933 година, сите членови на Германската демократска партија од Општинскиот совет биле распуштен со полициска наредба.
  • Од 1972 година, општината Вулфтен е дел од општинската заедница Хаторф на Харц.
  • Од 1 октомври 2004 година, селото го има официјалното име Вулфтен на Харц.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]