Бад Закса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бад Закса
Панорама на градот Бад Закса
Панорама на градот Бад Закса
Грб на Бад Закса
Бад Закса is located in Германија
Бад Закса
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гетинген
Градоначалник Алекс Хартман (ДХС)
Основни податоци
Површина 33,13 км2
Надм. височина 310 м
Население 7.346 (31 декември 2018)[1]
 - Густина 222 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHA
Пошт. бр. 37441
Повик. бр. 05523, 05525
Портал stadt.bad-sachsa.de/
Местоположба на градот Бад Закса во рамките на округот Гетинген
Карта
Координати 51°35′49″N 10°33′8″E / 51.59694° СГШ; 10.55222° ИГД / 51.59694; 10.55222Координати: 51°35′49″N 10°33′8″E / 51.59694° СГШ; 10.55222° ИГД / 51.59694; 10.55222

Бад Закса (германски: Bad Sachsa) — мал град во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во јужниот дел на планинскиот масив Харц, околу 15 километри јужно од Браунлаге и 25 километри југоисточно од Остероде.

Бад Закса била една од неколкуте општини во Западна Германија, кои увезувале електрична енергија од поранешната Источна Германија. Ова било правено преку трафостаницата Нојхоф.

Географија[уреди | уреди извор]

Низ градот тече реката Уфе; во близина на градот се наоѓа и вештачкото езеро Шмелц. Највисока точка во непосредна близина на градот е Равенсберг со 659 метри надморска височина на околу 5,5 километри северозападно од центарот на градот.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот Бад Закса е составен од четири единици.

Место Жители[2]
Бад Закса * 6.311
Штајна 773
Нојхоф 690
Тетенборн ** 648
Град Бад Закса 8.402

* со местото Никсај
** со местото Тетенборн-Колони

Историја[уреди | уреди извор]

Најстариот постоечки документ во кој е спомната Сакса потекнува од 1229 година. Населбата официјално добила градски права во 1525 година. Туризмот започнал околу 1860 година. Откако градот бил признат како здравствено одморалиште од страна на покраината во 1905 година, името било променето во „Бад Сакса“, каде што „бад“ означува бања.

Бад Закса е градот каде бил испратен Бертолд Шенк Граф фон Штауфенберг, заедно со четворицата браќа и сестри, од нацистите во 1944 година, по неуспешнава Јулска завера. Нивниот татко бил погубен, а нивната бремена мајка била протерана во концентрациски логот со двете постари деца. Децата Штауфенберг живееле во Бад Закса во текот на 1944-45 година. Другите семејства на погубените офицери биле исто така затворени тука. Сите биле сместени без нивните родители и со сменети имиња.

Зимски спортови[уреди | уреди извор]

Планината Равенсберг нуди сликовит поглед на целиот Харц и се користи за различни зимски спортови.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Градско собрание — изграден во југендстил, кој бил многу популарен на почетокот на XX век. Има неколку ориели, веранда и павилјон. Конференциската сала го претставува стилот на својот вообичаен начин.[3] Градското собрание е опкружено од куќи во фахверк и мал парк.
  • Црква „Св. Никола“ — протестантската црква била изградена на мал рид во центарот на градот со сликовит поглед на главната улица и плоштадот. Романската саат-кула на црквата била изградена во средината на XII век. Наосот бил додаден околу 1300 година. Олтарот потекнува од 1595 година и бил финансиран од Хансен Хартман, тогашен градоначалник на Бад Закса. Во 1691 година било додаден крило на црквата.[4]
  • Ремерштајнски карпи — во близина на местото Штајна се наоѓаат Ремерштајнските карпи, кои биле создадени пред околу 250 милиони години. Во близина се наоѓаат остатоци на населба, кои се проценува дека се стари 10.000 години.[5]
  • Замок Заксенбург — руините на замокот можат да се посетат во југозападниот дел на градот. Замокот бил изграден во XI век и срушен во 1074 година. Најимпресивен дел е кулата со пречник со повеќе од десет метри. Биле изведувани истражувања во периодот 1891-93 година.[6] До замокот води пешачка патека од градот.
  • Музеј Гренцланд — основан во Тетенборн во 1992 година и посветен на внатрегерманската граница, која се наоѓала во близина на Бад Закса.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2018“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2018.  (германски)
  2. http://stadt.bad-sachsa.de/ Siehe dort: Leben in Bad Sachsa (состојба 1 март 2013 г.)
  3. Josef Walz: Der Harz, p. 295. Köln 1995
  4. G. Ulrich Großmann: Hannover und Südniedersachsen, p. 199. Köln 1999
  5. Hans Pusen: Harz, Hannover, Lüneburger Heide, p. 47. München 1972
  6. Josef Walz: Der Harz, p. 295. Köln 1995

Надворешни врски[уреди | уреди извор]