Браунлаге (германски: Braunlage) — град и бања во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е на планинскиот масив Харц, јужно од врвот Брокен. Денес, главна дејност во Браунлаге е туризмот, особено зиме. Скијачки одморалишта во близина се Зоненберг и падините на Вурмберг.
Браунлаге започнал како шумска населба првпат споменат како „Бруненлое“ (Вrunenlohe) во декрет од 1253 година, која процутела кога Грофовијата Бланкенбург основала леарница во 1561 година. Истоименото грофовија потпаднало под власта на Војводството Брауншвајг-Волфенбител во 1599 година. Во XVII век станал мал пазарен град, а во 1934 година ги добил градските права и статус на здравствен центар.
Во 1963 година започнала изградбата на најдолгата жичница во Северна Германија во должина од 2,8 километри и висинска разлика од 400 метри од градот до планината Вурмберг.
На 7 мај 1964 година, Герхард Цукер прикажал лет на поштенските ракети. Една од тие ракети експлодирала, убивајќи три лица.