Глајхен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Глајхен
Поглед на манастирот во Рајнхаузен и двата врва на некогашните замоци
Поглед на манастирот во Рајнхаузен и двата врва на некогашните замоци
Грб на Глајхен
Глајхен се наоѓа во Германија
Глајхен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гетинген
Локални единици 16
Градоначалник Манфред Кулман (SPD)
Основни податоци
Површина 128,93 км2
Надм. височина 185 м
Население 8.984 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 70 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.
Пошт. бр. 37130
Повик. бр. 05592, 05508, 0551
Портал www.gleichen.de
Местоположбата на Глајхен во рамките на округот Гетинген
Карта
Координати 51°27′43″ СГШ 10°02′20″ ИГД / 

Глајхен (германски: Gleichen) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината е именувана по два замока, Нојен-Глајхен и Алтен-Глајхен во близина на општината, кои се наоѓале на два врва над Рајнхаузен. Самата општина е сместена на околу 10 километри југоисточно од градот Гетинген. Седиштето на општината се наоѓа во Рајнхаузен.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Туристички патоказ на влезот на селото

Општината Глајхен се наоша југоисточно од градот Гетинген, западно од Дудерштат и северозападно од Хајлбад Хајлигенштат. Најголемиот, западен дел на општината се наоѓа во областа Рајнхојзер Валд. Низ повеќе делови на општината тече реката Гарте, како и малиот поток Вендебах (на кој постои и вештачко езеро). Обата водотека се десни притоки на реката Лајне.

Во центарот на општината се наоѓаат врвовите „Глајхен“, високи 430 метри. На обата врва во минатото имало замоци, чии остатоци можат и денес да се пронајдат.

До општината може да се стигне преку сојузниот автопат Б27.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината е создадена со општинската реформа од 1973 година и има 16 села, додека нејзиното седиште во Рајнхаузен:

  • Бајенроде
  • Бенихаузен
  • Бишхаузен
  • Бремке
  • Димарден
  • Еценборн
  • Гелихаузен
  • Грос Ленгден
  • Ишенроде
  • Керстлингероде
  • Клајн Ленгден
  • Рајнхаузен
  • Ритмарсхаузен
  • Затенхаузен
  • Вајсенборн
  • Велмарсхаузен

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]