Херцберг на Харц

Координати: 51°39′27″N 10°20′28″E / 51.65750° СГШ; 10.34111° ИГД / 51.65750; 10.34111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Херцберг на Харц
Поглед на градот од замокот
Поглед на градот од замокот
Поглед на градот од замокот
Грб на Херцберг на Харц
Херцберг на Харц во рамките на Германија
Херцберг на Харц
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гетинген
Градски единици 6
Градоначалник Луц Петерс (ДХС)
Основни податоци
Површина 71,88 км2
Надм. височина 240 м
Население 12.799 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 178 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OHA
Пошт. бр. 37412
Повик. бр. 05521, 05585
Портал www.herzberg.de
Местоположба на градот Херцберг на Харц во рамките на округот Гетинген
Карта
Карта
Координати 51°39′27″N 10°20′28″E / 51.65750° СГШ; 10.34111° ИГД / 51.65750; 10.34111

Херцберг на Харц (германски: Herzberg am Harz) — град во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа во јужните делови на планинскиот масив Харц.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градот Херцберг на Харц се наоѓа на почетокот на малите реки Зибер и Лонау од планинскиот масив Харц. Херцберг е оддалечен 32 километри североисточно од Гетинген, 90 километри југоисточно од Хановер. Над градот се наоѓа замокот Херцберг.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Градски единици[уреди | уреди извор]

  • Херцберг (8.909 жители)
  • Лонау (299 жители)
    • со Миленберг
  • Пелде (1.990 жители)
    • со Румашпрунг
  • Шарцфелд (1.633 жители)
  • Зибер (474 жители)

Состојба: 1 октомври 2014[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Херцберг во 1753 година со истоимениот замок

Замокот во Херцберг бил првпат споменат во 1154 година. Градот бил дел од државата Брауншвајг-Грубенхаген, а замокот некое време бил користен како резиденција од војводите. Херцберг станал град во 1929 година.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во минатото, важни индустрии во Херцберг биле леарниците, земјоделската механизација и производството на чизми.

Образование[уреди | уреди извор]

Херцберг е седиште на Меѓукултурниот центар на Херцберг (Interkultura Centro Herzberg), клуб кој го промовира меѓународниот вештачки јазик есперанто. Во 2006 година, градскиот совет одлучил да го рекламира градот како „град на есперанто“ (die Esperanto-Stadt).[3]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-06-23. Посетено на 2016-01-29.
  3. Town renames itself the Esperanto Town (есперанто)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]