Ајхсфелд (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ајксфелд
Landkreis Eichsfeld
Округ
Thuringia eic.png
Земја  Германија
Покраина Тирингија
Адм. цент. Хајлбад Хајлигенштат
Површина
 • Вкупна 940 км2
Население (31 декември 2015)[1]
 • Вкупно 101.325
 • Густина 110/km2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. EIC, HIG, WBS
Мреж. место kreis-eic.de/
Историската област Ајхсфелд (до 1945)

Ајхсфелд (германски: Eichsfeld) — округ (Kreis) во сојузната покраина Тирингија, Германија и е дел од историската област Ајхсфелд. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Нордхаузен, Кифхојзер и Унштрут-Хајних и со покраините Хесен (округот Вера-Мајснер) и Долна Саксонија (окрузите Гетинген и Остероде).

Историја[уреди | уреди извор]

Во средновековието, областа Ајхсфелд, која е поголема отколку округот Ајхсфелд, била посед на бискупите од Мајнц, иако не е воопшто близу градот.

Ајхсфелд била единствената област во Тирингија која не ја прифатила Реформацијата, најмногу поради напорите на надбискупот на Мајнц.

Во 1801 биле укинати верските држави и Прусија ја добила областа, но повторно ја загубила во Наполеонските војни. На Виенскиот конгрес (1815) Прусија како и кралството Хановер ја барале областа Ајхсфелд. Областа била поделена помеѓу двете држави. Иако Хановер бил припоен од Прусија во 1866, оваа граница останала помеѓу двете пруски покраини, подоцна помеѓу Источна и Западна Германија и денес помеѓу Тирингија и Долна Саксонија.

Денешниот округ бил основан во 1994 со спојување на поранешните окрузи Ворбис и Хајлигенштат.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот бил именуван по историската област Ајхсфелд, која ги опфаќа северните делови на денешниот округ и делови од Долна Саксонија, областа околу Дудерштат наречена „Долен Ајхсфелд“ (Untereichsfeld). Округот е претежно ридест, а на север се протегаат планините Харц. Исто така, претставува географски центар на Германија. Реките Лајне и Унштрут извираат во Ајхсфелд.

Името се верува дека потекнува од Ајхенфелд („Eichenfeld“), што значи поле со дабови. Помалку популарна теорија за потеклото на името е зборот „Ајсфелд“ (поле на мразот).

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот го прикажува хералдичкиот орел на Прусија, заедно со Тркалото на Мајнц, што бил симбол на бискупите на Мајнц. Овие грбови биле донесени кратко откако Прусија го добила Ајхсфелд (1801). Во 1816 Ајхсфелд повеќе не претставувал географска област и грбот станал небитен. Повторно бил воведен во 1945 (користен до 1952) и повторно во 1994.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Слободни градови Слободни општини
  1. Хајлбад Хајлигенштат
  2. Лајнефелде-Ворбис
  1. Ам Омберг
  2. Зоненштајн
Општински заедници
  1. Дингелштет1, 2
  2. Хелмсдорф
  3. Калмероде
  4. Кеферхаузен
  5. Кројцебра
  6. Зилберхаузен
  1. Дојна
  2. Гертероде
  3. Хаузен
  4. Клајнбартлоф
  5. Нидероршел1
  1. Брајтенворбис1
  2. Була
  3. Гернроде
  4. Хајнроде
  5. Кирхворбис
  1. Бернтероде кај Хајлбад Хајлигенштат
  2. Дитероде
  3. Гајсмар
  4. Кела
  5. Кромбах
  6. Пфафшвенде
  7. Шимберг1
  8. Швобфелд
  9. Зикероде
  10. Фолкероде
  11. Визенфелд
  1. Аренсхаузен
  2. Борнхаген
  3. Бургвалде
  4. Фрајенхаген
  5. Фретероде
  6. Герберсхаузен
  7. Хоенгандерн1
  8. Кирхгандерн
  9. Линдевера
  10. Март
  11. Рорберг
  12. Рустенфелде
  13. Шахтебих
  14. Валхаузен
  1. Боденроде-Вестхаузен1
  2. Гајследен
  3. Глазехаузен
  4. Хојтен
  5. Хоес Кројц
  6. Рајнхолтероде
  7. Штајнбах
  8. Вингероде
  1. Берлингероде
  2. Бреме
  3. Еклингероде
  4. Ферна
  5. Хундесхаген
  6. Тастунген
  7. Тајстунген1
  8. Венде
  1. Асбах-Зикенберг
  2. Биркенфелде
  3. Диценроде-Фатероде
  4. Ајхструт
  5. Лентероде
  6. Лутер
  7. Макенроде
  8. Рериг
  9. Шенхаген
  10. Штајнхојтероде
  11. Талвенден
  12. Удер1
  13. Вистхојтероде
  1. Битштет
  2. Ефелдер
  3. Гросбартлоф
  4. Килштет1
  5. Вахштет
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]