Кифхојзер (округ)
Кифхојзер Kyffhäuserkreis | |
---|---|
Округ | |
![]() | |
Земја | ![]() |
Покраина | Тирингија |
Адм. цент. | Зондерсхаузен |
Површина | |
• Вкупна | 1,035 км2 (400 ми2) |
Население (31 декември 2018)[1] | |
• Вкупно | 75.009 |
• Густина | 72/км2 (190/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (DST) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | KYF |
Мреж. место | kyffhaeuser.de |
Кифхојзер (германски: Kyffhäuserkreis) е округ во северниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се окрузите Мансфелд-Јужен Харц, Зале и Бургенланд во Саксонија-Анхалт и окрузите Земерда, Унштрут-Хајних, Ајхсфелд и Нордхаузен.
Историја[уреди | уреди извор]
Во 12 век постоел замок на планинскиот масив Кифхојзер, кој бил изграден во текот на владеењето на императорот Фридрих Барбароса. Според локалната легенца, императорот не умрел, туку продолжил да спие во овој замок.
Од 1579 областа потпаднала кон територијата на Саксонија, а по 1815 била поделена помеѓу пруската покраина Саксонија и Шварцбург-Зондерсхаузен.
Во 1952 биле основани двата округа Артерн и Зондерсхаузен. Овие окрузи биле споени во 1994 со одредени мали промени, кога некои општини припаднале на други окрузи.
Географија[уреди | уреди извор]
Округот е именуван по планинскиот масив „Кифхојзер“. Главна река во округот е Унштрут, која тече низ источниот дел на округот.
Грб[уреди | уреди извор]
![]() |
Главен симбол на грбот е лавот на грофовите од Шварцбург, кои историски гледано најмногу владееле со територијата на округот. Лавот држи штит на кој е претставен грбот на грофовите од Мансфелд, кои ја поседувале областа околу Артерн во 18 век. Трите зелени ридови во долниот дел го симболизираат планинскиот пејзаж со многу шума, големата брановита линија постои за реката Унштрут, додека малата за реката Випер. |
Градови и општини[уреди | уреди извор]
Слободни градови | Слободни општини |
---|---|
Општински заедници | ||
---|---|---|
1. Ан дер Шмике |
2. Гројсен |
3. Мителцентрум Артерн |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. 31 декември 2018. (германски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјална страница (германски)
- Туристичка страница (англиски) (германски)
|
Координати: 51°20′ СГШ; 10°55′ ИГД / 51.33° СГШ; 10.92° ИГД
|