Прејди на содржината

Зондерсхаузен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зондерсхаузен

Sondershausen

Поглед на центарот на градот
Поглед на центарот на градот
Поглед на центарот на градот
Грб на Зондерсхаузен
Зондерсхаузен во рамките на Германија
Зондерсхаузен
Управа
Земја Германија
ПокраинаТирингија
ОкругКифхојзер
Градски единици11
ГрадоначалникШтефен Грим (независен)
Основни податоци
Површина201,21 км2
Надм. височина208 м
Население 21.317 (31 декември 2022)[1]
 - Густина106 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.KYF
Пошт. бр.99706
Повик. бр.03632, 036020 (Шернберг, Талебра), 036330 (Гросбернтен, Химелсберг, Именроде, Клајнбернтен, Штраусберг)
Порталwww.sondershausen.de
Местоположба на градот Зондерсхаузен во рамките на округот Кифхојзер
Карта
Карта
Координати51°22′N 10°52′E / 51.367°N 10.867°E / 51.367; 10.867

Зондерсхаузен (германски: Sondershausen) — град во сојузната покраина Тирингија, Германија, кој претставува административно средиште на округот Кифхојзер, сместен околу 50 километри северно од покраинскиот главен град Ерфурт. На 1 декември 2007 година, поранешната општина Шернберг била припоена кон Зондерсхаузен.

До 1918 година, градот бил резиденција на Кнежевството Шварцбург-Зондерсхаузен, а до 1920 одина главен град на Слободната Држава Шварцбург-Зондерсхаузен.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Зондерсхаузен се наоѓа во долината на Випер, опколен од ридските масиви Хајнлајте на југ и Виндлајте на север. Највисока точка е Фрауенберг со 411 метри.

На југ се наоѓа градот Ерфурт оддалечен околу 50 километри, додека на север се наоѓа градот Нордхаузен.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Градски единици се:

  • Зондерсхаузен (центарот на градот)
  • Борнтал
  • Хазенхолц
  • Естертал
  • Бебра
  • Берка
  • Гросфура
  • Јеха
  • Јехабург
  • Штокхаузен
  • Гросбернтен
  • Химелсберг
  • Хоенебра
  • Именроде
  • Клајнбернтен
  • Шернберг
  • Штраусберг
  • Талебра

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Градскиот совет на Артерн бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:

Партија / ЛистаМеста
Народна солидарност7
CDU6
Freie Wähler4
Левица
Зелени
3
1
SPD
NUBI*
3
1
AFD3
NPD2

* Нова независна граѓанска иницијатива

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на градот Зондерсхаузен е Штефен Грим (независен).

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Зондерсхаузен е збратимен со следниве градови:[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. ↑ Partnerstädte auf Sondershausen.de

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]