Ан дер Шмике

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ан дер Шмике

An der Schmücke

Ан дер Шмике is located in Германија
Ан дер Шмике
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Кифхојзер
Градски единици 9
Градоначалник Холгер Хеслер (независен)
Основни податоци
Површина 95,29 км2
Надм. височина 180 м
Население 5.967 (31 декември 2019)[1]
 - Густина 63 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. KYF
Пошт. бр. 06556 (Бретлебен), 06577 (Горслебен, Хаутерода, Хелдрунген, Хемлебен, Олдислебен)
Повик. бр. 034673
Портал stadtanderschmuecke.de
Местоположба на градот Ан дер Шмике во рамките на округот Кифхојзер
Карта
Координати 51°18′0″N 11°13′0″E / 51.30000° N; 11.21667° E / 51.30000; 11.21667Координати: 51°18′0″N 11°13′0″E / 51.30000° N; 11.21667° E / 51.30000; 11.21667

Ан дер Шмике (буквално: На Шмике; германски: An der Schmücke) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Бил именуван по ридскиот масив Шмике.

Географија[уреди | уреди извор]

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Ан дер Шмике се граничи од север надесно со следниве градови и општини: Бад Франкенхаузен, Артерн, Рајнсдорф, Гехофен, Рослебен-Вие, Оберхелдрунген, Келеда, Земерда, Ецлебен, Бихел, Ритген и Кинделбрик.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот се состои од местата Браунсрода, Бретлебен, Горслебен, Хаутерода, Хелдрунген, Хемлебен, Лундерсхаузен, Олдислебен (со населбата „Херман Гинтерот“) и Заксенбург.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот бил создаден на 1 јануари 2019 година со спојување на поранешните општини Бретелебен, Горслебен, Хаутерода, Хелдрунген, Хемлебен и Олдислебен. Помеѓу 1993 и 2019 година, овие општини биле дел од поранешната истоимена општинска заедница, која дополнително ги вклучувала општините Ецлебен и Оберхелдрунген. Седиштето на градот и на поранешната општинска заедница е во Хелдрунген.

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет на Ан дер Шмике бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:[2]

Партија / Листа % Места
CDU 26,2 5
Граѓанско друштво Шмике 25,9 5
SPD 15,6 3
LINKE 14,8 3
Граѓани за Хелдрунген 9,4 2
Бретлебенски избирачи 8,2 2

Градоначалник[уреди | уреди извор]

На општинските избори на 26 мај 2019 година бил избран Холгер Хеслер (независен).[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. 31 декември 2019. (германски)
  2. „Stadtratswahl An der Schmücke 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-08-01.
  3. „Bürgermeisterwahl An der Schmücke 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-08-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]